Пченкарната свила многу долго се користи како природен лек, а потребно е да се исече пред опрашувањето. Потоа се суши во сенка на умерена температура.

Лековита е само онаа свила која ќе се набере во време кога пченката е млада (млечна). Зрелата, сува и темна пченкара свила не содржи никакви лековити својства.

Внимавајте да користите здрава пченка, бидејкји пченка која е прскана со многу хербициди и пестициди, не е здрава, бидејќи со неа во организмот ќе се внесе и одредена количина на штетни материи.

Пченкарната свила во себе содржи етерично масло, смола, хлорофил, фосфорна киселина, манган и доста калиум и магнезиум.

Како делува пченкарната свила?

Чајот од пченкарната свила е еден од најсилните природни диуретици.

За 24 часа, може за неколку пати да се зголеми количината на излачената урина и тоа без штетни поседици, што е особено важно кај оние заболувања каде задржувањето на течностите е проблем.

Чајот од пченкарна свила ја јакне крвта, ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб.

Помага при сите заболувања на бубрезите и мочните патишта, при воспление на мочниот меур (цистит), помага при ноќно мокрење.

Чајот од пченкарна свила ги намалува болките и грчевите во бубрегот, во голема мера ги намалува ревматските тегоби, гихт, болки во зглобови.

Исто така, чајот од пченкарната свила им се препорачува на лицата со водена болест, односно на лицата кои имаат отоци и насобрана течност во шупливите органи (во абдоменот –асцит и целодробната обвивка –плеврит).

Постапка:

Една лажица добро исушена пченкарна свила (доколку е непотполно исушена се губи дејството) се прелива со шолја врела (но не превриена) вода, се остава неколку минути и се процедува.

Дневната доза варира зависно од телесната тежина и типот на телото. Сепак, во главно се препорачува по една шолја, два до три пати дневно, со што би требало да се избегнува неколку часа пред спиење.

Кога станува збор за деца, дозволено е да пијат, но во помали количини споредено со возрасните.

Чајот од пченкарна свила е едноставен и природен начин за намалување на килограмите и за ослободување на организмот од токсините. Сите знаеме дека на денешно време детоксикацијата е многу важна за здравјето.

Антиоксидантните и диуретични својства на чајот од пченкарна свила помагаат да се ослободите од токсините во организмот и да го исфрлите вишокот на течности.

Тоа помага за метаболизмот да работи забрзано и да придонесе во намалување на килограмите. За жените овој чај е корисен и во борбата против целулитот.