Лепињи на малку поинаков начин!
Потребни состојки:
500 г меко брашно
1 јајце
250 мл вода
½ коцка квасец
3 лажици масло
1 лажичка шеќер
1 лажица сол
За премачкување:
200 мл јогурт
1 јајце
1 лажица масло
Оригано или власец, сол
100 г кашкавал
Постапка:
Од наведените состојките замесете меко тесто. Оставете го да стасува околу еден час.
Тестото е доста меко, па добро набрашнете ја работната површина на која ќе ги формирате лепињите, околу 10-12 парчиња.

Секоја премачкајте ја со преливот од јогурт и јајца, наросете зачини по желба и одозгора ставете рендан кашкавал.

<
Оставете ги да отстојат 10 минути. Печете ги на 220 степени (на погорната решетка) околу 10 минути, во претходно загреана рерна.

Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко.





































