Медени топчиња со чај од шипки: брзи а толку вкусни

Потребни состојки за топчињата:

200 г мелени бисквити

100 г мелени наполитанки

250 мл врел чај од шипки

20 г путер

1 лажица мед

Потребни состојки за глазурата:

200 г црно чоколадо за готвење

3 лажици масло

Подготовка:

Се вари појак чај од шипки, па врел се прелива преку мелените наполитанки помешани со мед и путер, па се меси добро да се соедини. При месењето, на повеќе наврати се додаваат мелените бисквити (исто како при месење тесто со брашно), за да се добие смеса која може да се обликува и да не се лепи на рацете (можно е да не се потребни сите 200 г бисквити).

Смесата се остава во фрижидер 20-тина минути, па потоа се обликуваат топчиња со пречник отприлика околу 2 см, а се добиваат 20-22 топчиња.

Топчињата се ставаат во фрижидер неколку часа, добро да се стегнат. Изладените топчиња се глазираат: чоколадото најпрво се топи на пареа, па со мешање се додава маслото. Се оставаат на решетка додека глазурата да се стегне.

Уживајте!

Loading...