Loading...

Брз лифтинг ефект: крем со чија помош лицето ќе го подмладите во рекордно време

Постојат два начина за затегнување на лицето –за подолго време и со краткотраен ефект.

Со години по ред се користи маслото од црниот дроб на ајкулата, кое се содржи во кремите против хемороиди. Тоа се истите состојки, кои се наоѓаат во кремите, продавани во козметичките салони.

Крем за лекување на хемороиди – ретко кој знае…

Кремите за лекување на хемороиди, освен нивната примарна намена, може да се користат и за намалување на брчките и подуеноста. Имено, тие содржат супстанции кои делуваат апсорбирачки и ефикасно дејствуваат како за намалување на подуеноста и собирање на ткивата, така и против торбичките под очите и виснатите образи.

Но, ако не можете да си го дозволите ова или, пак, немате доволно време, пробајте го следниов брз „ремонт“:

Изматете една белка пенесто. Нанесте ја врз целото лице. Но обратете посебно внимание на пределот околу очите, брадата и устата. Оставете да постои малку (не повеќе од десет минути) и колку што можете повнимателно измијте се.

ЗА ОЧИТЕ:

*Резанките од краставички ставени врз затворени очи ќе го отстранат воспалението и надуеноста околу нив.

*Тркалцата од свеж компир содржат калиум, кој ги отстранува темните кругови околу очите.

*Кесичките од црн чај (треба да се ладни на допир), ставени врз очите, освежуваат волшебно, затоа што содржат танини.

Loading...