Медот од тиква може да се употреби за различни проблеми. Најделотворен е при лечење на болести на црниот дроб и бубрезите. За многумина овој мед е драгоцен, бидејќи ефикасно помага во исфрлање на жолчен сок и лекување на воспалени мочни канали.

Благодарение на лесно лаксативното и диуретско дејство, медот од тиква одлично помага при опстипација и различни заболувања на дебелото црево. Истовремено, поради изобилството од витамини и каротен, овој мед од одличен засилувач на имунитетот и општиот животен тонус.

Помага за намалување на холестеролот, атеросклероза, намалува отоци од срцева инсуфициенција. Овој мед се препорачува и за слабеење кај дебели луѓе.

Како се приготвува мед од тиква:

За приготвување на мед од тиква ќе ви биде потребна една зрела жолта тиква. Треба да го исечете врвот и да ја извадите внатрешноста (семките и влакната). Во добиениот голем отвор ставете интегрален шеќер. Одозгора поклопете со отсечениот врв. Тиквата се остава 10-ти надена на ладно место. Најдобро е да се стави во голема чинија или ајнцер, зошто со тек на време ќе омекне па ќе биде тешко да се пренесе.

За тоа време, шеќерот ќе се растопи во сокот на тиквата. Штом шеќерот ќе се растопи, добиената течност се складира во стаклена тегла.

Ако случајно на капакот се фати мувла, тоа не е ништо страшно. Во тој случај направете дупка во дното на тиквата, па од таму прецедете го медот.

Медот од тиква е најдобро да се чува во фрижидер, во чиста стаклена тегла со капак. Рокот на траење е околу еден месец. За да се сочува подолго може да го проварите до згуснување, но во тој случај се губи дел од корисните состојки.

Како ќе го користите овој мед – тоа е ваш избор.

Можете со него да засладувате чај, може да го консумирате самостојно по 2-3 супени лажици, може да го користите како прелив за палачинки или некоја своја варијанта. Доколку не сакате медот од тиква да го приготвите од шеќер, во тој случај користете пчелин мед.