Родителската љубов е безусловна и не познава граници. За ова, доказ е мајката на Илија, Благица Стамкова која пред девет години без размислување го донирала својот бубрег за да го cпаcи животот на својот син.




За жал, од пред извесно време на Благица и бил дијагностициран малиген тyмоp на панкреасот кој мора што поскоро опepaтивно да се отстрани. Зафатот не се прави во нашата држава, па Благица мора да биде испратена во Турција.




Лекувањето ќе чини 26.000 евра, а семејството ги нема потребните средства. Затоа, нејзиниот син Илија Стамков се обидува преку социјалните мрежи да допре до хуманите срца и да ја собере неопходната сума.




– Мојата мајка Благица Стамкова која ми го спаси мојот живот со донирање на нејзиниот бубрег пред 9 години. Има потреба од опepaција која не се прави во нашата земја, тyмор на панкреас опepaцијата која чини 26.000 евра би се извршила во Република Турција. Да и помогнеме сите заедно и да и го продолжиме нејзиниот живот – стои во објавата на Илија.




Сите оние кои сакаат да помогнат во обидот на Илија да ја спаси неговата мајка, може да донираат со вртење на следните телефонски броеви: Телеком со телефонски повик (звонење) на бројот 143-129 ; A1 (VIP) со телефонски повик (звонење) на бројот 143-600 ; Се издвојуваат 100 денари од повик. Донациска сметка NLB Banka 210 7 00000 666 235 / IBAN MK072 1050 16569 19614 / SWIFT TUTNMK22




Да помогнеме заедно на Илија Стамков кој собира парични средства за својата мајка Благица Стамкова која пред 9 години го cпacи неговиот живот со донирање на нејзиниот бубрег. Овојпат за неа е неопходна опepaција која чини 26 000 евра и која би се извршила во Турција доколку се соберат потребните средства. Секоја сума е значајна. Да ги отвориме нашите срца, нашето малку некому значи СЕ!