Мажи, откако ќе ја прочитате најновата вест, можеби ќе сакате да седнете.. Имено, светки познат уролог објасни дека седењето обезбедува целосна релаксација на мускулите на карлицата и ‘рбетот, што го олеснува движењето на урината.

Еден од најдобрите светски уролози, доктор Џералд Колинс, консултатнт и уролошки хирург во Болницата Александра во Англија, тврди дека некои млади мажи неправилно уринираат, пишува NMD.mk.

Д-р Колинс тврди дека мажите треба да уринираат во седечка положба, бидејќи тоа е похигиенско и подобро за здравјето на мочниот меур. Тој го откри ова по извештајот на YouGov за резултатите од истражувањето за мокрење кај мажите.

Во истражувањето учествувале повеќе од 7.000 мажи од 13 земји, а резултатите покажале дека кога мажите уринираат, тие претпочитаат да го прават тоа стоејќи, наместо да седат.

Интересно е што 25 отсто од Австралијците седнуваат секогаш кога уринираат, додека 27 отсто „никогаш“ не го прават тоа. Земја со најголем број мажи кои „секогаш“ седат на ВЦ шолја е Германија со 40 проценти. Кај мажите во Сингапур, само пет проценти седnuvaat додека уринираат.

Дали е помaжествено да се уринира стоејќи? Д-р Колинс тврди дека мажите треба да седат, откривајќи за Телеграф дека тоа е „најефикасниот“ начин за мокрење.

Урологот објасни дека седењето обезбедува целосно опуштање на мускулите на карлицата и ‘рбетот, што го олеснува движењето на урината. „За постарите мажи е корисно да седат додека уринираат“, забележа д-р Колинс.

Сепак, истражувањето на YouGov покажа дека постарите мажи генерално повеќе се противат на седењето отколку помладите мажи. На некои луѓе им е помажествено да мочаат стоејќи.

Дури и на Твитер жените тврдат дека мажите треба повеќе да се обидуваат да седнуваат при уринирање, бидејќи тоа помага во решавање на проблемот со „лошото нишанење“, пренесува NMD.mk.

Повеќе прочитајте ОВДЕ. Прочитајте: Мажите многу ретко посетуваат уролог, а некои воопшто – еве кога и зошто мора да го посетите лекарот – ОВДЕ. Урологот Банчевиќ: Ова мора да го знаете ако добиете воспаление на бешиката, особено во текот на зимата – прочитајте ОВДЕ.