Со овој чај одлично се подобрува здравјето на гастроинтестиналниот тракт. Рецептот потекнува од старите традиционални знаења сочувани од африканските племиња.

Што е Матула чај?

Матула чај е силен билковен напиток кој се приготвува од билки кои растат во регионот на Јужна Африка.

Додека состојките може да се менуваат во зависност од поединечните препарати, вообичената содржина на овој чај е:

-див лук
-лист од гуава
-лист од Сизикиум (Syzygium cordatum)
-сладок компир
-роибос чај
-Artemisia afra
-Cyclopia intermedia

Како мешавина овој чај со векови се користел во различни африкански племиња за ублажување на бројни здравствени проблеми, особено оние што се поврзани со стомакот, како чиреви и дигестивни пречки.

Во овој чај нема кофеин, а вкусот е сличен на незасладен зелен чај, но кога ќе додадете природни засладувачи, секако е вкусен.

МАТУЛА ЧАЈ – ПОДГОТОВКА

Ако сакате да приготвите матула чај во домашни услови, можете да ја приготвите мешавината од лековити билки кои се погоре наведени, но исто така, како готов производ можете да го купите во многу продавници за здрава храна или онлајн продавници кои се занимаваат со продажба на лековити чаеви. Кога ќе го набавите чајот, следете го упатството за подготовка:

-чекор 1: Ставете вода да зоврие.
-чекор 2: Додадете 1-2 лажички матула во прав или сува мешавина во чајник
-чекор 3: Прелијте со врела вода и оставете ја смесата да се олади 5 минути
-чекор 4: Процедете и по потреба засладете со мед или друг засладувач.

МАТУЛА ЧАЈ ПРОТИВ ХЕЛИКОБАКТЕР ПИЛОРИ

Се тврди дека активните состојки во матула чајот можат да ја неутрализираат хеликобактер пилори до многу висок степен – повеќе од 905 елиминација.

Оваа бактерија е многу честа. Иако се потребни дополнителни истражувања за чајот, раните податоци покажуваат дека овој чај е одличен за луѓе кои имаат проблем со хелико бактеријата.

Матула чај – нуспојави:

Постојат некои нуспојави на овој чај, кај ретки случаи може да доведе до појава на мачнина.