ЦРН ТИК-MАК КОЛАЧ – Сочен, брз и многу вкусен, мерки на чаша

Сочен колач со какао и јаболка кои воопшто не се чувствуваат. Многу брзо е готов и многу е вкусен!

Потребни состојки:

1 чаша шеќер
1 чаша мелени ореви
1 чаша бел гриз
1 чаша млеко
½ чаша масло
2 чаши рендани раболка (излупени)
½ прашок за печиво
2 лажици какао
2 јајца

*за мерка се користи јогуртна чаша од 180 г (200 мл)

Постапка:

1.Одвојте ги жолчките од белките. Белките изматете ги во цврст снег.

Loading...

2.Изматете ги шеќерот и жолчките, па додадете ги останатите состојки. Треба добро да миксате кога ќе ги додадете јаболката.

3.Во смесата со лажица додадете го снегот од белки и нежно промешајте да се соединат.

4.Добиената смеса излејте ја во претходно намастен и набрашнет плех со средна величина и ставете да се пече 35.40 минути во загреана рерна на 180 степени.

5.Кога ќе се олади колачот прелијте го чоколадна глазура направена од чоколадо, малку путер и млеко или нешто по ваш избор.

Coolinarika.com

Loading...