Гавезовата маст е најпозната по нејзиното лековито дејство врз коските, зглобовите и кожата. Често се користи за ублажување на симптомите на артритис, болки во зглобовите, дислокација, повреда на лигаменти, ткива и мускули, нагмечени ткива, болки во грб, невралгија и разни спортски повреди.

Фото и рецепт: Нада Рамеша

МАСТ ОД ГАВЕЗ  (Symphytum officinale)

ПРВ РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

250 г корен од гавез
45 лажици несолена свинска маст
41 лажица маслиново масло
120 г восок

ВТОР РЕЦЕПТ – Без свинска маст

400-450 г корен од гавез
150 лажици маслиново масло
100 г восок

(по мое мерење 100 лажици масло се некаде околу 800 мл )

Постапка:

Коренот од гавез се копа наесен од еколошко место каде нема загадување. Добро се чисти од оштетувања или дупчиња, но не треба да се лупи. Исушете го и исечете го на што потенки листови.

Потоа загрејте ја маснотијата и ставете го исечениот гавез. Можете и да го изрендате со остро ренде.

Рендајте мали количини и веднаш ставајте ги во маста, бидејќи многу лесно оксидира. Кога целиот корен ќе го изрендате и натопите во маста, мешајте 15 минути.

МАСТА НЕ СМЕЕ ДА ЗОВРИЕ. Оставете го така покриено преку цела ноќ. Следниот ден ставете го на тивок оган колку маста да се растопи, па тргнете од оган и продолжете со мешање уште 10 –тина минути.

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВАРИ, ТУКУ САМО ДА СЕ ЗАГРЕЕ. Потоа процедете го низ газа. Во изладената маст додадете маслиново масло и издробен восок.

Повторно вратете на многу тивок оган со постојано мешање додека восокот да се растопи.

Смесата прелијте ја во порцелански или огноотпорен сад. Прекријте со крпа и оставете на ладно сите состојки да се соединат и оладат.

Добиената изладена гавезова маст (течна – не стврдната) се полни со дрвена или керамичка лажица, никако со метална. Наполнете до горе и добро потиснете за да не останат внатре воздушни џебови, па добро затворете.

По желба можете да додадете етерично масло по желба, а јас додадов концентрат од витамин Е.

Кога се изработуваат масти и креми кои не содржат вода, за повеќето нема потреба од конзерванси, бидејќи се користат квалитетни природни масла и суви состојки чиј рок на траење сам по себе не е долг.

При изработка на лековити масти треба да внимавате состојките и алатките да не се контаминираат. Затоа, најдобро е целиот потребен материјал да се дезинфицира со медицински алат и да се почека алкохолот да испари. Рокот на вака приготвена маст е една година.

Постапката за маста која се приготвува со маслиново масло е иста, само што наместо свинска маст загреваме маслиново масло.

Гавезовата маст е најпозната по нејзиното лековито дејство врз коските, зглобовите и кожата. Често се користи за ублажување на симптомите на артритис, болки во зглобовите, дислокација, повреда на лигаменти, ткива и мускули, нагмечени ткива, болки во грб, невралгија и разни спортски повреди.

При изработка на лековитите мевлеми користете ракавици. Гавезовата маст никогаш не се става на отворени рани. Не се препорачува користење на гавезова маст на бремени жени и доилки.

Маста од гавез е наменета само за надворешна употреба. Општа препорака е да не се користи подолго од 4 до 6 седмици континуирано.