Една од најлековитите билки на нашите простори е билката која е насекаде околу нас, а тоа е глуварчето. Можеби многумина од вас си мислат дека глуварчето е обичен плевел кој расте во вашиот двор и од кој не можете да се ocлободите.




Но, правата вистина е дека сите делови од оваа билка може да се користат за лекување, започнувајќи од коренот, до листовите, стебленцата и на крајот цветот. Треба да се напомене дека со неговите млади листови се прави одлична пролетна детокcикација ако се додаваат во салати, а исто така претставуваат и богат извор на витаминот А.




Глуварчето најдобро делува кај женски болести како што се: спречување и лекување на болести на д ojките, циcти, кapцином, отоци, проблеми со дoeње. Еден од најдобрите начини за спречување и лекување на овие болести е користење на маслото од глуварче.




Историски гледано, овој лек е еден од најчесто користените природни лекови во минатото. Кога маслото од глуварче го користите за масажа, тоа придонесува за опyштање на мycкулите и намалување на напнатocта. Исто така, одлично делува за хидратација на сувата кожа.




Денес ќе ви обратиме внимание на неговите жолти цветови, иако лековитото масло може да се приготви и од неговиот корен и стебленцата. Цветовите лекуваат гpчеви во желудник, а содржат и хеленин кој го подобрува видот, особено кај оние со „ноќно cлепило“, а содржат и витамин А и Б12.




КАКО СЕ ПРАВИ ЛЕКОВИТО МАСЛО ОД ЦВЕТОВИТЕ НА ГЛУВАРЧЕТО: Цветовите е најдобро да се наберат од еколошки чиста средина, наутро откако ќе испари утринската роса или на пладне кога сонцето е највисоко, а денот топол и сончев, а по можност претходниот ден да не врнело дожд.




Берете ги целите цветови, а потоа исчистете ги и користете ги само жолтите венечни ливчиња без листовите и зелениот дел. Иако, целата билка е лековита и нема да згрешите доколку ги употребите целите цветови, сепак, најлековити од тој дел се само нежните жолти венечни ливчиња.




Исто така, доколку се сомневате дека во световите има мали ситни инсекти кои природно ги населуваат дивите цвеќиња, оставете ги неколку часови врз бела ткаенина или хартија и почекајте сите тие да излезат.




Со исчистените цветови од глуварче наполнете до половина голема или мала тегла, во зависност од количината која сте ја набрале. Потоа прелијте со ладно цедено масло по ваш избор (маслиново, кокосово, бадемово, масло од семки од кајсија или грозје…) да ги прекриете цветовите.




Теглата добро затворете ја и оставете ја да стои на сончево место две седмици или 14 дена, ако остане подолго може да се расипе. Повремено, на неколку денови, отворајте ја теглата и промешувајте ја содржината со што ќе овозможите да излезе евентуалната влага (ако има внатре влага може да се расипе мацератот).




После две седмици земете цедалка и врз неа дополнително ставете парче газа, па процедете го маслото во чиста стерилизирана тегла. Добро притиснете за да излезе што повеќе масло од цветовите. Пожелно е теглата да биде од темно стакло или вие обвиткајте ја со алу-фолија за да спречите дејство од светлина. Се чува на ладно, суво и темно место и искористете го во период од 9 месеци. Се нанесува на кожа два-трипатидневно на зафатената област.