Фото и рецепт: Тамаричка

Потребни состојки:

115 г путер на собна температура
1 лажичка сода бикарбона
½ лажичка сол
1 ванилин шеќер
250 г шеќер
180 мл врела вода
80 г какао во прав
180 г кисела павлака
4 јајца
200 г брашно

За бел крем*:

6 белки
12 лажици шеќер
4 лажици вода
10 лажици шеќер

За чоколадна глазура:

100 г чоколадо за готвење
3 лажици вода
4 лажици масло

*за белиот крем може да користите и изматена слатка павлака или олаг крем. За чоколадната глазура сите состојки се топат на пареа или на многу тивок оган.

Постапка:

Држете се до мерките и ќе добиете прекрасни манчмалоу колачиња. 200 г се доволни за ова тесто, а ако ставите повеќе (како што направив јас првиот пат) ќе добиете претврдо тесто.

Прво рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени. Калапите за мафини намастете ги и наросете ги со какао во прав.

Измешајте го какаото со зовриената вода, не смее да има грутчиња. Потоа додадете ја киселата павлака.

На страна измешајте ги брашното, сода бикарбоната и солта.

Омекнатиот путер изматете го пенасто со шеќер и ванилин шеќер, па потоа со постојано миксање додавајте едно по едно јајце. Кога претходното јајце ќе се соедини со смесата, тогаш додадете го следното јајце.

Потоа додадете ја мешавината од брашно, па на крај мешавината од какао и кисела павлака. Не мешајте премногу.

Излејте ја смесата во приготвените калапи за мафини и печете ги 20-тина минути. Калапите не ги полнете до врв. Ако некои од мафините ви се дигнат премногу во текот на печењето, со остар нож исечете ги и израмнете ги им ги врвовите. Ќе ви биде потребен рамен врв за нанесување на манчмалоу кремот.

Додека се ладат мафините, направете го манчмалоу кремот, а потоа и чоколадната глазура со која ќе ги прелиете.

Оставете ги да се оладат за да се стегне чоколадната глазура, па потоа послужете ги.

За белиот крем: Изматете цврст снег од белки и постепено додадете 12 лажици шеќер и матете додека да се растопи шеќерот. Десет лажици полни шеќер ставете на оган со 4 лажици вода да зоврие и да се растопи, па полека додавајте во снегот од белки и матете додека да стане сјајно и да се зголеми волуменот.

Доколку сакате да направите манчмалоу во коцки, следете го овој рецепт:

Едноставен, без и лесен Манчмалоу – единствена мана му е тоа што брзо исчезнува!