КУГЛОФ со суво овошје, еден од поубавите рецепти за празниците – полн погодок!

Вкусен, декоративен, со суво овошје…

Потребни состојки:

120 г омекнат путер
6 лажици масло
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 прстофат сол
2 јајца
250 г свежо полумасно сирење
370 г брашно
1 прашок за печиво
5 лажици млеко
150 г суви кајсии
100 г суво грозје
малку шеќер во прав

Постапка:

Намастете го и набрашнете го калапот за куглоф. Сувите кајсии исечкајте ги. Омекнатиот путер измиксајте го миксер пенасто, па едно по едно додавајте ги маслото, шеќерот, ванилин шеќерот и солта, убаво да се соединат.

Додадете едно јајце, ма миксајте половина минута со најголема брзина, па додадете го и второто јајце. Откако ќе го соединете и него, брзо измешајте го и сирењето.

Просејте ги брашното и прашокот за печиво заедно, па половина додадете во смесата мешајте со средна брзина.

Додадете го млекото, па втората половина од брашно. Сувото грозје и сечканите кајсии промешајте ги со најмала брзина.

Смесата излејте ја во калапо и израмнете. Печете околу еден час на 180 степени. Печениот куглоф оставете го 10 минути во калапот, а потоа истресете го на решетка.

*Сувото овошје можете претходно да ги натопите во рум, сок или вода малку да омекнат.

Изладениот куглоф наросете го со шеќер во прав.

Претходна статијаМанчмалоу мафини! Ова мора да го пробате! Колачите се предобри!
Следна статијаМажите многу ретко посетуваат уролог, а некои воопшто – еве кога и зошто мора да го посетите лекарот