Ернест работи во Австрија како киропрактичар – исповед на пациенти (ВИДЕО)

Ернест Дамјановски е нашинец кој живее и работи во Виена, Австрија. Вели дека неговата приказна во дијаспората е успешна, а се занимава со физиотерапија, односно, помага на луѓе кои имаат проблем со повреди на кичмениот столб, екстремитетите, микро повреди, ишијалгии, лумбоишијалгии, местење нерви…

Ова е неговата исповед:

“Здраво НМД. Се викам Ернест Дамјановски, живеам во Виена (Австрија), инаку доаѓам од Скопје (Македонија). Мојата професија е местење на нерви по кичмениот столб (мануелна тибетска медицина) и киропрактика. Оваа професија ја работм повеќе години и ја работам доста успешно. Моите пациенти се задоволни и имам голем процент на успешност во решавањето на нивните проблеми.

Иначе, Киропрактика учев во Германија, во времето кога живеев таму. Тоа додатно ми дава сила и сигурност при лечењето на моите пациенти. Имав голем број на пациенти кои имаа проблеми кои за медицината (конвенционалната), беа проблем кој без операција не можеа да го решат. А самата операција, знаеме колкав ризик носи и колку е таа успешна. Меѓутоа кога мене ќе ме најдеа, се знае, нема операција и проблемот е решен. Ќе одвојам неколку случки кои се интересни за прераскажување и кој заради тие моменти мене многу ме прават среќен.

Жена 40 години (гркиња), 20 години од кревет нема мрднато, нема станато: Ми се јавуваат од Дуисбург да дојдам и да направам преглед да видам дали јас можам нешто да помогнам. Доаѓам, пациентката лежи во кревет со двете нозе не може воопшто да мрда. Работевме 30 дена третмани секој ден. Резултатот беше следниов.

Жената стана почна да оди ама со придружба. Мораше барем еден да има до неа и да може да се движи. Проблемот кај неа не беше само со неврите во кичмениот столб или со било кој нерви надоле по нозете, таа имаше и проблем со центарот за рамнотежа. Таа ми беше до сега една од најтешките пациенти.

Видео:

-Саша Радивоевиќ, 46 години 3,5 години проблем со долниот дел на кичмата 3 недели во кревет: Кога дојдов во Виена, тогаш за прв пат го видов најубавиот град за мене во светот, дојдов кај пациентот кој гледаше несигурно во мене и беше исплашен. После 3 дена кај него и безброј третмани во 3 дена, стана и еве до ден денешен нема веќе проблем никаков.

Поминаа 3 години и 8 месеци. Секое јавување од негова страна, е само за да ми се заблагодари што му обезбедив нов живот. Иначе, докторите тука во Виена, му рекле дека е само за операција и дека 50 – 50 шансите да може потоа да оди.

Видео:

-Жената не знам како се вика, ама селото се викаше Липова Чука (Лесковац), 40 години, повеќе години голем проблем со целата кичма, а последната година во кревет:

Саша, пациентот од погоре во текстот, другарот денес, ме испраќа да одам кај женава, да видам дали и колку можам да и помогнам. Доаѓам на местото, во селото и мажот нејзин ме пречекува на врата. Влагам во куќичката, жената легната во кревет како да ја нема. Пеколна слика за мене. Ми извадија и снимки од ВМА, Белград, за да ми покажат каков е проблемот и колкав е.

Интересна изјава даде мажот и, така што атмосферата ја направи малку повесела. “Докторе, те молам направи ја жена ми, нема кој да копа по нивите”. Се изнасмеавме, и почнавме да работиме во тој ист момент. За 3 дена жената беше станата на нозе како никогаш да не и било ништо. Иначе, при местењето во тие 3 дена 2 пати падна во несвест од болка.

Јас си заминав од таму и после 20 дена ми се јавува Саша и ми вели вака: Жената да ти отишла на ВМА па да се снима и да види дали има некаков проблем. Докторите од ВМА и се чуделе и ја прашувале каде била и што направила, затоа што на оваа снимка нема веќе никаков проблем. Многу бев среќен заради тоа.

Валтер Винтер германец во Виена 60 години, проблем со десното рамо: Човекот бил на незнам колку специјалисти по ортопедија во Виена, испил еден тон лекови и ништо не му помогнаално. Кога јас дојдов, 4 третмана направивме и го решивме проблемот.

Видео:

-Даниел, 28 години, 4 години проблем со десната нога. Бил на лечење Германија, Швајцарија и Србија (ВМА): Кај него беше интересно многу. Мајка му се плашеше премногу и немаше верба во мене никаква, додека татко му беше ок. Само сакаше веќе еднаш да му видат насмевка на лицето на детето. Со 12 третмани го решивме проблемот. тоа беше 2016 август.

Денеска детето е вистински маж, има 28 години и е во топ форма. Со него ден денес и со неговите, сме куќно фамилијарно поврзани. Нема ден да не се слушнеме и да не се дружиме.”

НМД:Пред да започнете со користење на народните лекови, или помош од алтернативна медицина, консултирајте се со вашиот матичен лекар!

Претходна статијаЖени постари од 40 години, подмачкајте ги зглобовите како превенција од остеопороза – рецепт
Следна статијаГи ублажува болките за неколку минути: Прав појак од Сода Бикарбона – лек за целото тело