Овој рецепт навистина е чудо! Како да се ослободите од болките во грбот, вратот, зглобовите и нозете за 7 дена?

За овој рецепт долго се пишуваше на интернет порталите, а искуствата од оние кои го пробаа се и повеќе од восхитувачки. Но, како што обично се случува, рецептите со текот на времето се подзабораваат, па затоа одлучивме да ве потсетиме. За сите оние кои имаат проблеми со зглобовите и патат од болки во вратот и грбот, нека го пробаат следниот рецепт:

Купете 150 грама желатин со вкус кој вас ви одговара. Оваа количина ќе ви биде доволна за еден месец, колку што трае терапијата.

Навечер, ставете 5 грама желатин (две рамни мали лажички) во 50 мл студена вода (од фрижидер). Промешајте и оставете да отстои до следното утро, на собна температура.

Желатинот ќе набубри и ќе се претвори во желе. Наутро изедете ја оваа смеса на гладно, или пак измешајте со јогурт, кефир или кисело млеко.

Исто така, можете да го измешате со вашата утринска лимонада или медена вода.

За само една седмица ќе забележите дека болките значително ќе се намалат или ќе исчезнат.

Терапијата трае еден месец по што се прави пауза од 6 месеци, па се повторува. На овој начин всушност се врши еден вид „подмачкување“ на зглобовите. Од здравите зглобови зависи функционирањето и на другите органи, бидејќи се’ во нашиот организам е поврзано.

На кој начин помага желатинот?

Желатин е производ од животинско потекло, добиен како резултат од преработката на сврзното ткиво на крупната стока: тетиви, коски, ’рскавица… и всушност претставува колаген во најчист облик.

Позитивно делува врз состојбата на внатрешните влакна и ситните садови. Во себе поседува две аминокиселини: пролин и хидросипролин кои имаат позитивно влијание врз закрепнувањето на врзивното ткиво.

Желатинот е во состојба да го зголеми растот и обемот на сврзното ткиво, што е многу важно за болните зглобови.

Желатинот е корисен производ со исклучителен квалитет за подобрување на здравјето:

-ги јакне зглобовите и срцевиот мускул

-го подобрува метаболизмот

-ја зголемува менталната способност

-го одржува здравјето на кожата

-дава еластичност и сила на тетивите и лигаментите

-спречува развој на остеопороза и остеоартритис

-доведува до подобрување на растот и структурата на косата и ноктите

-незаменлив при дисплазија