МАК КОЛАЧ – мерки на чаша, се микса за 5 минути и се пече

Прекрасен, брз и многу вкусен колач!

Потребни состојки:

Мерка е чаша од 250 мл

1 чаша масло
2 чаши шеќер (може да намалите и на 1 шолја, зависи колку сладок го сакате колачот)
2 ванилин шеќер
4 жолчки
2 чаши јогурт
2 чаши брашно
2 чаши мелен мак
1 прашок за печиво

За чоколадна глазура:

150-200 г чоколадо за готвење
1-2 лажици масло

Постапка:

Помешајте ги сите состојки за бисквитот: шеќер, масло, ванилин шеќер, жолчки, брашно, мак, прашок за печиво и јогурт.

Излејте во среден плех обложен со хартија и печете на 180 степени околу 40 минути.

Кога ќе излади украсете по желба. Можете да наросите со шеќер во прав, а можете да прелиете чоколадна глазура (чоколадото растопете го на пареа и додадете малку масло).

Од белките што ќе ви останат можете да направите пуслици (целувки) или да ги замрзнете па да ги искористите за некој друг колач.

Претходна статијаПрироден лек за прочистување на белите дробови кај пушачи (може и кај непушачи)
Следна статијаПОСЕН (на вода) КАЧАМАК СО КРОМИД