Мајка ми почна да јаде боровинки и црно чоколадо и сеќавањето и се врати

Меморијата на Силви Хазер (82) од Велика Британија била толку лоша што во еден момент не можела да го препознае ни сопствениот син Марк (50). Во една пригода во болница, каде била сместена за сопствена безбедност, ги обвинила медицинските сестри дека ја киднапирале. Главно, ниту нејзиниот живот, ниту животот на нејзините најблиски не бил лесен. Деменцијата тотално ја променила.

Но, откако преминала на медитеранска исхрана се случило чудо. Нејзиниот случај на оздравување толку бил фасцинантен што Здружението за Алцхајмерова болест започнало да ги дели нејзините рецепти. Силвија во исхраната, меѓу останатото, вклучила брокула, кељ, спанаќ, сончогледово семе, зелен чај, овес, сладок компир, боровинки па дури и темно чоколадо.

Овој посебен начин на исхрана за неа го осмислил нејзиниот син, откако како што тој вели, ја доживеал „најниската точка на својот живот“.

-Не ме препозна па повика полиција. Мислеше дека е киднапирана – се присеча тој.
-Откако татко ми и брат ми починаа, мајка ми и јас станавме многу блиска мала семејна заедница, а тоа што веќе не ме препознаваше беше поразително – продолжува Марк.

Додава дека порано со мајка му секаде оделе заедно, па откако таа почнала да го губи сеќавањето се чувствувал многу осамено.

-Преку ноќ од едно среќно семејство станавме семејство во криза. Кога ја напушти болницата размислив за тоа да се обидеме со алтернативно лекување наместо со пропишаните лекарства. Во некои земји речиси нема Алцхајмерова болест и тоа поради нивниот начин на исхрана. Секој знае за рибата, но тука се и боровинките, јагодите, оревите кои имаат облик на мозок што ни даваат до знаење дека се добри за мозокот – вели тој.

Инаку, оревите одамна се познати како храна за мозокот. Тие се добар извор на омега-3 киселини и имаат повеќе антиоксиданти, фолна киселина (витамин Б9) и витамини Е од останатите јаткасти плодови.

Напоменува дека во случајот на неговата мајка тоа не било чудо кое се случило преку ноќ, туку неколку месеци откако ја променил нејзината исхрана, сеќавањата полека започнале да и’ се враќаат. Се сетила на роденденот, станала повторно иста онаква каква што била пред дијагнозата – ангажирана, внимателна…

-Луѓето мислат дека кога еднаш ќе дојде до дијагноза, дека на животот му дошол крај. Ќе има и лоши и добри денови и тоа не мора да биде крај. Мојата мајка добро изгледа за своите 82 години, всушност изгледа 10 години помладо. Оние кои не знаат ни што се’ таа помина, никогаш ниту да претпостават кога сега ќе ја видат – додава Марк гушкајќи ја својата мајка.

Симптоми на Алцхајмерова болест и влијанието на околината

-Алцхајмерова е деменција, синдром кој се јавува како последица на Алцхајмерова болест (невродегенеративна болест). Симптомите на болеста започнуваат постепено. Првиот и најизразен симптом на оваа болест е губиток на памтењето, а продолжува со психичко и физичко пропаѓање и неподвижност, како целосна функционална онеспособеност на лицето и нејзина зависност од туѓа грижа и помош, се’ до смртта.

Деменцијата е една од главните причини за инвалидност меѓу старите лица ширум светот, со физичко, психичко, социјално и економски влијание врз лицата кои боледуваат од деменција, но и на нивното семејство, негувателите, па на крајот и на целото општество.

Според податоците на Светската здравствена организација, дури 47,5 милиони луѓе во светот имаат некој облик на деменција.

Loading...