Снимаката со мајчиното млеко под микроскоп го обиколи светот – ова е течно злато!

Една мајка дошла на идеја да стави капка од своето млеко под микроскоп, а она што го видела толку ја магепсало не само неа, туку и целиот свет.

Џенсен Хауард е мајка на 4 годишно девојче, но кога нејзината ќеркичка била на возраст на само 11 месеци, таа снимила едно неверојатно видео кое многу брзо стана вирално.

Имено, таа за Yumama.com вели дека ова видео настанало кога нејзината малечка настинала.

“Имав случнато дека мајчиното млеко константно ја менува структурата според потребите на бебето. Кога бебето е болно, млекото е полно со антитела кои го бранат организмот од било што”, вели таа.

Бидејќи нејзиниот татко работел во лабораторија, дошла на идеја да го провери ова тврдење и на тој начин сите останале фасцинирани од она што го виделе.

Нивниот впечаток бил толку силен што таа морала тоа да го сподели со своите пријатели.

“Хеј друштво… Погледнете колку е ова КУЛ! Ова течно злато кое го гледате ние го нарекуваме мајчино млеко. Татко ми работи во лабораторија и таму под микроскоп ставивме една капка од моето млеко и погледнете го ова чудо во живо пред вас!

Сè што му е потребно на моето бебе во моментов! Навистина неверојатно!”, напишала покрај видеото.

Бидејќи и нејзините пријатели биле воодушевени, видеото многу брзо станало вирално. Но, Џенсен не застанала тука.

Читајќи ги и позитивните и негативните коментари под видеото кое самата го поставила, одлучила под микроскопот да стави и една капка вештачко млеко.