Магична чајна мешавина од 10 билки за псоријаза

Елиминирајте ги лушпичките од кожата на природен начин, со помош на коприва, росопас, невен, ајдучка трева…

Иако според конвенционалната медицина лек за псоријаза не постои, сепак во природната медицина постојат третмани и лековити билки кои можат да ги намалат тегобите, па дури и да исчезнат истите, со адекватна терапија.

За да се елиминира псоријазата потребно е чистење на организмот, особено на црниот дроб и крвта. Па затоа, освен надворешно мачкање со лековити мевлеми, потребно е да се пијат чаеви кои ќе помогнат во лекувањето на организмот.

Loading...

Кај полесните видови псоријаза задебелените лушпички можат да се отстранат. Ако е зафатена мала површина од кожата, се препишува полесна локална терапија.

Дерматологот во тој случај препишува одредена маст или крем кој е на база кератолици за забрзување на лупењето на кожата, а покрај тоа се препишуваат и масти кои ги лекуваат задебелувањата на кожата. Ако редовно ја следите нашата страница НМД.мк ќе можете да прочитате рецепти за приготвување на природни мевлеми со кои се третираат ваквите состојби.

Оваа мешавина која ќе ја прочитате во продолжение, се состои од многу лековити билки од кои се приготвува чај кој може да помогне во борбата со овој проблем. Билките можете да ги купите од Билна аптека или од проверен билкар.

Потребни состојки:

50 г коприва
40 г медуника (Filipendula ulmaria)
30 г росопас
30 г врбова кора
30 г вероника (Veronica officinalis)
30 г невен
20 г храстова кора
20 г димарка (Fumaria officinalis)
20 г лушпи од орев
20 г ајдучка трева

Постапка:

Измешајте ги сите состојки. Полна лажичка од мешавината попарете ја со една шолја вода и оставете три минути. Процедете и пијте го чајот по малку, во текот на целиот ден во вкупна количина до два литри.

Пред употреба советувајте се со дерматолог.

Loading...