Home Рецепти МАЧКИНИ ОЧИ: Ролат кој сите го сакаат

МАЧКИНИ ОЧИ: Ролат кој сите го сакаат

Банани, крем, се топи во уста…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 јајца, 100 г + 7 лажици шеќер (кристал), 15 лажици брашно (тип 550), 7 лажици + 100 г мелени ореви, 500 мл млеко, ½ прашок за печиво, 250 г путер/маргарин со вкус на ванила, 1 лимон и 4 големи банани

ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КОРАТА: Одвојте ги жолчките од белките. Белките изматете ги во цврст снег. Жолчките изматете ги со 7 лажици шеќер, па рачно спојте ги со белките. Во таа смеса полека, рачно, додадете 7 лажици брашно, прашок за печиво и 7 лажици мелени ореви.

Излејте во плех обложен со хартија за печење (големиот плех од рерната) и печете на 200 степени, 10-15 минути (бисквитот е тенок и за кратко време е готов, штом добие боја и замириса). Кората свиткајте ја во крпа и оставете така да стои додека да се подготви кремот.

ПОДГОТВУВАЊЕ НА КРЕМ: Од половина литар млеко одвојте 200 мл а остатокот ставете го на оган да зоврие. Во млекото кое се вари додадете 100 г шеќер, а млекото кое сте го издвоиле измешајте го со 8 лажици брашно.

Кога млекото ќе зоврие смесата постепено додадете ја со постепено мешање додека да се свари и згусне, па тргнете од оган и оставете да излади. Во изладениот крем додадете пенесто изматен путер и малку сок од лимон.

Бананите излупете ги и испрскајте ги со сок од лимон за да не пожолтат. Бисквитот премачкајте го со крем (оставете малку од кремот за премачкување на ролатот одозгора).

<

По две банани наредете на спротивните краеви од кората и завиткајте ги заедно со кората и истовремено од двете страни кон средината. Свртете го ролатот дака да спојот биде оздола и премачкајте го со остатокот од кремот. Наросете одозгора со остатокот од мелените ореви.

coolinarika.com