Можеби решението за секого е индивидуално, но еве кај Соња што помогнало:

Почитувани, се викам Соња, живеам во Струга. Проблеми со опстипација имам барем шест месеци годишно, не знам зошто. Исхраната ми е вообичаена во текот на целата година.

Сум пробала многу лаксативи, како и рецепти од народната медицина, многу од нив и ми помогнале, ама со краток рок.

Се обидувам исто така во исхраната да внесувам и повеќе влакна, ама попусто, кога ќе дојде периодот на опстипација, доаѓа, и не можам да го спречам.

Е сега, од пред два месеци прочитав еден интересен напис од човек кој си помогнал и решив да го применам.

Човекот препорача, нема да ви се верува – ПУКАНКИ!

 Еве што треба да се прави:

Многу едноставно, навечер, дури гледате некој филм, или било што на телевизија, испукајте си пуканки, отприлика околу 30 грама и јадете си ги наместо вечера.

Но, не купувајте готови, испукани пуканки, бидејќи, содржат многу сол. Да не излезе решавајќи еден проблем, да си накалемите друг, проблем со притисок, бубрези или застој на течности.

Ставете многу малку сол, колку да го подобрите вкусот, исто така и минимално масло.

Верувајте, следниот ден, празнењето е квалитетно и обилно.

Консумирањето пуканки има огромна логика, поради присуството на голем процент влакна во составот на пченката, кои се пак клучен фактор за спречување на опстипација.

Друга позитивна работа која ќе ви се случи е и намалување на тежината, зошто, затоа што пуканките содржат многу малку калории, ќе ви го наполнат желудникот навечер и ќе ве заситат.

Фото: Илустрација