ЛУКОТ Е МНОГУ ЛЕКОВИТ: Ама не смеат да го користат луѓе со овие состојби, совет од д-р Марио

„Во голем број случаи лукот е исклучително лековита билка и поволно делува врз човековиот организам. Неговата редовна конcyмација има особено лековити својства врз кардиоваскуларниот систем и одржувањето на здравјето на срцето“, вели доктор Марио Лабудовиќ.




„Лукот е познат природен антибиотик и зајакнувач на имунитетот, па затоа е добро почесто да се користи во сезона на грип и настинки. Има антивирусно, антибактериско, противвоспалително својство и генерално претставува одлична лековита билка која може да се конcyмира на дневна основа.




Меѓутоа, постои една мала група луѓе кои мора да ја одбегнуваат оваа исклучителна здрава билка, која практично се користи веќе со илјадници години во историјата на човештвото“, вели д-р Марио и објасни за кои луѓе станува збор.




ЛУЃЕ СО ДИГЕСТИВНИ ПРОБЛЕМИ. Оние кои имаат ждри-гавица/жеговина, гастритис, улцерозен колитис, Кронова болест, синдром на иритабилни црева, чир на желудник или 12-палечно црево треба да ја одбегнуваат конcyмацијата на лук, бидејќи може да дојде до влошување на симптомите.




Ова е речиси единствената популација луѓе кои не смеат да го користат лукот во својата исхрана. Инаку лукот обично се користи во тераписки цели за намалување на високиот кр-вен притисок, што значи дека луѓе со низок притисок треба да бидат внимателни кога го конcyмираат.




Меѓу другото, помага како превенција и одржување на здравјето на кр-вните садови, спречува појава на атеросклероза, односно окрутување на ѕидовите од кр-вните садови, го намалува нивото на холестерол и шеќер, а особено значително помага кај луѓе со замастен црн дроб.




Исто така, се покажало дека лукот поволно делува врз здравјето на непцето и спречување на појава на периодонтитис. Големи количини на лук ја разредуваат кр-вта, па луѓе со ваков проблем или кои ги очекува опе-рација, треба особено да бидат внимателни при користењето на ова лековито растение, па најдобро би било да го одбегнуваат (две недели пред опе-рација не смее да се конcyмира).




КАКО ПРАВИЛНО СЕ КОHCУМИРА ЛУКОТ? Лукот содржи една многу лековита супстанција алицин, па затоа најдобро е оваа билка да се користи колку што е можно во посвежа форма – советува докторот.




И во текот на готвењето голем дел од неговите лековити состојки остануваат и не се губат. Но, доколку го користите особено за зајакнување на имунитетот и како заштита од вирози и настинки, тогаш најдобро е да го јадете свеж и тоа на следниот начин:

pixabay.com




Излупете го лукот и ситно исечкајте го или испасирајте го. Оставете го 3-5 минути за да почне да се ослобо-дува сулфурот и да се активира дејството на алицинот.

КОЛИЧИНА. Генерално препорачана дневна д оза за возрасни е до 4 г (1, 2 до 4 чешниња во зависност од големината на чешнињата), а како додаток 2400 мг (2,4 грама) дневно, во тек на 12 месеци или според назнаките на производот. Екстрактите од лук обично се стандардизирани според количината на алицин што ја содржат. Ова обично се движи од 1,1% до 1,3%.




Доколку користите додатоци, добро би било да ги користите оние што се обложени со ентерична обвивка за да се раствораат во цревата, а не во желудникот. Лукот се користи и во разни креми, гелови, пасти и средства за плакнење на устата.

Околу конcyмацијата и количината на лукот најдобро е да се советувате со вашиот лекар доколку имате некаква здравствена состојба или примате лекови.

Претходна статијаБРЗ РУЧЕК ОД 3 СОСТОЈКИ: Не само што е евтин и брз, туку е и неодоливо вкусен
Следна статијаСИМПТОМИ НА ПОКАЧЕНИ МАСТИ ВО КРВТА: Еве кога триглицеридите се црвен знак за срцев удар, а ова е лекот