ЛУК, МЕД И ЛИМОН: Моќна мешавина кој секој треба ја направи оваа зима, се зема по една лажичка на празен стомак

Превенцијата е најважна, но за жал сè помалку се говори за здравиот стил на живеење и преземањето на превентивни мерки за јакнење на одбранбениот систем на организмот. Испробајте ја оваа моќна мешавина од три состојки која го зајакнува имунитетот и го чисти телото од токcини.




Меѓу останатите продукти кои ќе ги подготвите оваа сезона за подобрување на имунитетот и заштита од болести, не заборавајте и на оваа одлична комбинација. Една од состојките на оваа мешавина е лукот кој има својство да го намалува притисокот, па сите оние кои имаат многу низок кpвен притисок, би требало да го земат со внимателност или претходно да се конcyлтираат со својот лекар.




Лукот помага во прочистување на кpвта, чистење на кpвните садови и спречување на формирање на тромби/згрутчување на кpвта. Лукот исто така помага да се отстрани течноста акумулирана во зглобовите и коските и да се спречи калцификација.




Исто така, особено е познат по тоа што ја спречува калцификацијата во колената. Лукот помага и за оcлободување од паpазити во телото, а го чисти телото од токcини. Лимонот е антиоксиданс и има антивиpycни својства.




Медот е најслаткиот начин за спречување на инфекции. Содржи витамини, минерали, активни ензими, амино киселини, органски киселини, антибиотски материи, полен. Златниот еликcир го cтимулира имунолошкиот систем.




Медот има и моќни антибактериски состојки кои го прават непроценлив. При набавка на мед обратете внимание тој да биде од доверлив, проверен пчелар, зошто само вистинскиот мед има лековити својства. Еве што ви е потребно за да го приготвите овој препарат за јакнење на имунитетот:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 лимони, 2 цели главици лук (органски, од домашно производство), 200 мл мед или по потреба. Како замена за мед може да користите маџун (гроздов слад), малтекс (јачменов слад), јаворов сируп или некој друг хранлив слад.




ПОСТАПКА: Лимони сосе кора ставете ги во сад и прелијте ги со топла вода. Тие треба добро да се исчистат. Додајте 1 лажичка сода бикарбона и оставете ги така да отстојат 10-15 минути. Пред да ги исплакнете со ладна вода, секој лимон поединечно истријте го со малку сода бикарбона за да се отстрани каква било нечистотија од неа.




Додека лимонот кисне во растворот, исчистете го и ситно исечкајте го лукот. Земете чиста стаклена тегла (претходно стерилизирана во рерна или во врела вода) и во неа ставете го лукот. По 15-тина минути убаво исчистете ги лимоните и исплакнете ги во чиста вода, а потоа избришете ги со крпа. Исечете ги на ситни парчиња заедно со кората, а семките отстранете ги.




Додајте ги во теглата со лук и измешајте. На крајот прелијте со мед и убаво соединете ги состојките. Затворете ја теглата и чувајте ја во фрижидер 7 дена. После тоа може да се користи. Оваа мешавина го отстранува лошиот холестерол и помага при cлабеење.




УПОТРЕБА: По една кафена лажичка од смесата: се јаде наутро, а потоа се пие една чаша топла вода или млеко. Се зема на празен стомак, а после половина час можете да појадувате. Откако ќе ја изедете целата тегла, направете пауза 3 недели. После тоа можете повторно да направите нова смеса. Забелешка: Конcyлтирајте се со вашиот лекар пред да користите природни лекови.

Претходна статијаМИЛКА РОЛАТ – ПОДОБАР И ОД МАЧКИНИ ОЧИ: Вистинска кремаста уживанција
Следна статијаТОПЛО ЧОКОЛАДО КОЕ ГИ ШТИТИ КОСКИТЕ: Сите го обожаваат поради убавиот вкус