Иако точното потекло и причината за добивање на малигни болести со сигурност не е позната, научниците од Универзитетот Каролонска ги именуваа најотпорната и најподложната крвна група за малигни заболувања, пренесува руската Газета.

Според зборовите на експертите, најмала можност за заболување од рак има Б крвна група, додека А поседува најголема можност за заболување од малигнитет, не именувајќи докрај за кои групи поконкретно станува збор.

Понатаму објаснуваат дека оваа студија мора подетално да се истражува, а велат дека не се однесува на оние луѓе кои консумираат алкохол и цигари. Студијата анализирала податоци од неколку илјади луѓе на возраст од над 25 години.

Одамна се знае дека увидот во нашата крвна група е всушност увид во нашата здравствена слика. Ова се некои од поважните карактеристики на крвните групи:

Крвна Група О

Карактеристики: љубители на месо, самоувереност, водич, и ловец;
Позитивни: брз метаболизам, силен дигестивен систем, природна заштита од инфекции и одличен имунитет;
Негативни: Одбивност кон нова исхрана и промена на околина, претерување со физички активности кои влијаат на имуниот систем и го нарушуваат здравјето.
Ризици: коагулација на крвта, восплание на зглобови, намалена функција на штитна жлезда, алергии и чир.

Крвна група А

Карактеристики: кооперативност, прецизност, промисленост и љубители на природата;
Позитивни: Прилагодливи на нова исхрана и околина, лесно ја вари храната со хранливи материи;
Негативни: Чувствителен метаболизам, слаб имунитет склон кон инфекции;
Ризици: рак, слабокрвност, слабо срце, ризик од заболувања на црниот дроб и жолчката.

Крвна група Б

Карактеристики: љубители на патувања, стабилни, еластични и креативни
Позитивни: силен имунитет, прилагодливи на нова средина и начин на исхрана, балансиран нервен систем;
Негативни: често разболување од автономни болести и ретки вирусни инфекции;
Ризици: шеќер, хроничен замор, автоимуни билести ( лупус, мултиплекс склероза…)

Крвна група АБ

Карактеристики: уникатни, харизматични, таинствени и мистериозни;
Позитивни: лесно прилагодливи на услови, толерантен имун систем, спој на групите А и Б;
Негативни: чувствителен систем за варење, премногу толернтен имун систем е склон и кон инфекции, негативно реагира на промена на средина како и личностите со А и Б крвна група.
Ризици: рак, слабокрвност и слабо срце.