ЉУБИЧИЦА: Лек за кашлица и болно грло, продира длабоко преку кр-вта и лимфата.
Најважното медицинско својство кое го има љубичицата (Viola odorata L) е да продре во подлабоките делови на организмот, во кои по правило навлегуваат само кр-вта и лимфата.

Кога доспева во овие ткива, таа ги остранува отро.вните материи кои таму се натрупале. Љубичицата е една од најважните билки кои индиските билкари ја користат за лекување на ракот. Чајот е корисен за лекување на тегоби со дишните патишта, за намалување на телесната температура при грозница, како и при главоболка.

Целата билка е лековита. Содржи гликозиди сапонини, флавоноиди и слуз што и дава лековити својства. Содржи салицилна киселина, алкалоидот виоли, и одоратин, кој е најлековитиот во љубичицата, етерично масло и некои соли, витамин Ц, каротен..

Љубичицата има многу пријатен, многу препознатлив и својствен мирис, кој при сушењето речиси целиот се губи. Фото и рецепт: Еки Ковал.

СИРУП ОД ЉУБИЧИЦИ – РЕЦЕПТ 1. Една јогуртна чаша цветови од љубичица се потопува во половина литар вода. Се додава и сок од два лимони, па се остава преку ноќ, односно, да отстои 24 часа.

Потоа се става на оган да зоврие еден клуч, па се процедува. Во тие половина литар вода се додава 1 кг шеќер (обичен или интегрален, а може и мед) и 1 мала лажичка лимонска киселина (од онаа црвената).

Ставете повторно на оган за да се раствори шеќерот, оставете до половина да излади, па складирајте во шише. Се користи како сок на растворање или се пие по една лажичка, трипати во денот при настинки и болки во грло.

СИРУП ОД ЉУБИЧИЦИ – РЕЦЕПТ 2. 90 г свет од љубичица, 120 г шеќер, 1,5 литар вода. Цветовите прелијте ги со врела вода и оставете 24 часа. Следниот ден процедете ги, стиснете ги цветовите убаво, па додајте шеќер и на тивок оган мешајте додека да се растопи.

Кога ќе зоврие тргнете од оган, поклопете и оставете да излади. Прелијте во стаклено шише и добро затворете. Чувајте на темно место. Овој сируп се користи за кашлица, б олки во грло, несоница.. Се користи по потреба. Вака термички сварен сирупот може да трае и неколку години.

СИРУП ОД ЉУБИЧИЦИ – РЕЦЕПТ 3. Ако не сакате да го готвите сирупот: 100 г цвет од љубичици се попаруваат со 1 литар зовриена вода, се поклопува да отстои 12 часа. Се процедува сокот, не се вари.

На еден литар течност се става 1,8 кг (знам дека е многу, кај бозелот на 1 литар оди 1 кг шеќер, но овој е рецептот што го имам). Се меша додека да се растопи шеќерот, па се складира во стерилни шишиња. Цветовите треба да се берат на сончево време.

ЛИКЕР ОД ЉУБИЧИЦИ. 80 цветови се потопуваат во 0,5 лозова ракија. Се остава на темно место една седмица. После тоа се процедува и се додава 500 г мед. Се остава уште една седмица на сонце.

МАСТ ОД ЉУБИЧИЦИ. Грст љубичици натопете ги несолена маст и оставете ги преку ноќ. Следниот ден повторно загрејте на тивок оган, процедете низ газа и налијте во соодветни садови. Може да се додаде и некоја капка етерично масло. Оваа маст е одлична за сува кожа.

Цедените цветови може да се наросат со шеќер, да се остават да се исушат и да се користат за украсување на торти. Цветовите од љубичица ако се исушат на провев, може да се користат за приготвување на чај. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска

Фото и рецепт: Еки Ковал