Листот од винова лоза има многу витамини, а во поголема количина се издвојуваат: Ц, Е, А, К и Б6, како и ниацин, железо, влакна, рибофлавин, фолати, калциум, магнезиум, бакар и манган. Се користи како антиинфламаторно и средство за подобра циркулација.

Свежото грозје, сувото грозје и виното веќе одамна знаеме дека се лековити, а лозовиот лист, богат со витамини и минерали, е исто така лековит. На Медитеранот, многу јадења се подготвуваат со лозов лист. Меѓу другото и медитеранските „долми“ (медитеранска сарма за која се користат лисја од винова лоза наместо кисела зелка).

Лисјата од винова лоза имаат лесно антиинфламаторно дејство. Хроничното воспаление е причина за многу сериозни болести, како што се срцеви заболувања, многу видови на рак и Алцхајмерова болест, артритис и болести на дигестивниот систем како што е Кронова болест.

Начинот на живот и генетиката придонесуваат за развој на хронични воспаленија, исхраната богата со антиинфламаторни намирници е најдобрата стратегија за намалување на долгорочните ризици од болести.

Лозов лист за вени

Лозовиот лист е еден од природните лекови за вени што може да ги ублажи б олките. Особено е важен за третман на проблеми со слаба циркулација на нозете, што е основен проблем кај луѓето кои имаат проширени вени.

Го намалува воспалението во вените, потоа ја стабилизира ендотелната слузокожа на капиларите и влијае врз санирање на овие проблеми и со тоа се намалува отокот на зглобовите.

Облогите се многу лесни за нанесување

На чисти нозе ставете малку вазелин, па ставете лозов лист над местата каде имате проблеми. Потоа фиксирајте со пластична фолија врз листот за да биде стабилна облогата.

Оставете да делува барем 20-30 минути. На крај исплакнете со ладна вода и ставете крем за вени (или тинктура или маст од диви костени или некој крем препорачан од лекар или билкар).

Облогите од лисја од винова лоза се нанесуваат еднаш или двапати неделно. Она што е добро кај нив е што тие веднаш го намалуваат отокот и го смируваат г орењето и б олката.

Чај од лист од винова лоза и гроздов цвет

Лековитото дејство на чајот од лисја од винова лоза се користи како лек за ревматизам, гихт, п овраќање и кр-вав спутум. Американците на пример, користат чај од лист од винова лоза против дијареја, хепатитис и б олка во стомакот. Додека чајот од цветот на грозјето се користи за лекување на нарушена функција на мозокот и ‘рбетниот мозок.

ЧАЈ ОД ЦВЕТОТ НА ВИНОВА ЛОЗА

Се користи за обновување на ‘рбетниот мозок и за активирање на одземени делови предизвикани од невролошка болест или физичка т раума. Според некои записи чајот од цвет на винова лоза има одлично дејство кога се користи за масажа. Чајот се приготвува на следниот начин:

РЕЦЕПТ: еден грст (полна рака) цвет од винова лоза прелијте со 500 мл зовриена вода, поклопете и оставете да отстои половина час. Потоа процедете, а добиената течност треба да се испие во текот на целиот ден, распоредена во помали количини.

ЧАЈ ОД ЛИСТ ОД ВИНОВА ЛОЗА

Лисртот од винова лоза се користи за приготвување на чај, но и на тинктура за регулирање на мен-струацијата и против хемороиди кои кр-вават. Претставува одлично средство против ревма, пов-раќање, гихт и подобрување на циркулацијата.

РЕЦЕПТ: Еден грст (колку ќе зафатите со рака) сув лист винова лоза прелијте со 500 мл зовриена вода, поклопете и оставете да отстои 10-тина минути. Процедете и течноста испијте ја во текот на денот.

ТИНКТУРАТА има слично дејство како и чајот, а се приготвува така што еден грст ситно исечкани листови од винова лоза се прелива со 500 мл препечена р акија и се чува 8 дена со повремено протресување.

Потоа се процедува и се чува во темно стаклено шише. Се зема по една лажица трипати дневно пред јадење. Она на што мора особено да се води сметка, е листовите кои ќе ги користите за подготвка на чај или тинктура (истото важи и за цветот) да не се хемиски третирани.