Торта со пишкоти и јагоди, вкусна и сочна, се топи во уста, а се подготвува за 10 минути

Торта со пишкоти и јагоди, вкусна и сочна торта која се топи во уста, а толку брзо се приготвува, за само 10 минути ќе ја направите. Лесна е за јадења, а со овошниот вкус освежува, идеална за летните денови.

Потребни состојки за голема торта: 4 големи пакувања пишкоти (бисквити за тирамису), 900 мл слатка павлака, 5 чаши кисела павлака, 300 г шеќер во прав, 1 килограм јагоди и газиран сок со вкус на портокал за натопување на пишкотите.

Постапка: Слатката павлака пенасто изматете ја додека да добиете шлаг. Во посебен сад измешајте ја киселата павлака со шеќерот во прав, па измешајте добро за да се соединат состојките. Потоа соединете го со шлагот од слатката павлака и добро изматете со миксер.

Добиениот фил поделете го на три делови. Пишкотите натопувајте ги кратко во газираниот сок, па редете ги во дното од калапот. Преку пишкотите наредете третина од филот, па наредете ги јагоди исечкани на листови. Преку јагодите во тенок слој премачкајте со фил.

Потоа повторно наредете еден ред пишкоти кратко натопени во газиран сок (сок од портокал). Преку пишкотите рамномерно распоредете фил, израмнете, па повторно наредете слој од сечкани јагоди на листови. Преку јагодите премачкајте повторно малку фил.

Завршете со уште еден слој пишкоти натопени во сок, па целата торта премачкјате ја со преостанатиот фил. Декорирајте по вкус, со шлаг, рендано чоколадо, сируп од јагоди, ливчина од свежо нане или по ваш избор.

II РЕЦЕПТ – Тирамису со јагоди, рецепт на Марко Стрижак “Како да се готви” – готов за 10 минути, а предобар е! Овој тирамису е готов буквално за 10 минути и многу е вкусен. Без печење затоа и толку брзо се приготвува.

Потребни состојки: 500 г јагоди, 350 мл слатка павлака за шлаг, 250 г маскарпоне сирење (или друго свежо крем сирење), 2 ќесички ванилин шеќер, 180 мл вода, 70 г шеќер за сирупот и пишкоти.

Постапка: На средно-умерена температура растопете го шеќерот со водата, па додајте ги јагодите и гответе ги 2 минути, само колку овошјето да го пушти својот сок и да омекне. Процедете ја течноста и оставете ја на страна да се олади.

Во оваа течност ќе ги натопувате пишкотите, само кратко, па ќе ги редите во калапот со приближни димензии 20х20 цм, обложен со проѕирна фолија. Подготовка на филот: Маскарпонето оставете го да омекне на собна температура. Во него додајте ванилин шеќер и добро изматете со миксер за да стане сирењето кремасто.

На страна изматете ја слатката павлака додека да добиете шлаг, па изматете ги двете смеси за да се соединат. Слатката павлака можете и директно да ја истурите во изматеното маскарпоне, само гледајте да биде растителна за да биде поцврст кремот.

Треба да добиете погуста смеса која може да се мачка, а да не тече и да не се распаѓа. Во калапот наредете еден слој пишкоти претходно кратко потопени во сирупот. Врз пишкотите рамномерно распоредете една третина од приготвениот фил, премачкјате и израмнете.

Врз кремот распоредете јагоди, па врз нив премачкајте со нешто помалку од една третина фил, па повторно наредете пишкоти натопувани во сирупот. Преку пишкотите премачкајте го остатокот од филот. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Loading...
Претходна статијаKако да ја зачувате киселата зелка во лето без замрзнување, вкусот не се губи, а овој метод го користам веќе 5 години
Следна статијаЛИСНАТА ПОГАЧА СО ЈОГУРТ: Мека, декоративна и вкусна за секаква пригода