Јапонска масажа на колено за подобро здравје, имунитет, долговечност, а помага и за слабеење

Една јапонска легенда вели дека некогаш одамна живеел некој среќен човек кој од својот татко добил непроценливо знаење- му била откриена точката за долговечност или точката за стотици болести.

Следејќи ги упатствата на својот татко, синот секојдневно ја масирал оваа точка и доживеал раѓање и смрт на неколку цареви.

Масирањето на одредени точки е стар метод за лекување, карактеристичен за Истокот, а се користи веќе со илјадници години.

Вкупно, човечкото тело поседува 365 точки и 12 главни меридијани, што потсетува на бројот денови и месеци во годината.

Делувањето на таквата масажа (акупресура, притисок со прстите на одредена точка) е засновано врз учењата за меридијаните и каналите кои се поврзани со одредени органи.

Во кинеската медицина телото се разгледува како енергетски систем, па низ масажа може да се влијае врз протокот на енергијата и функционалната активност на органите.

Активирањето на точката Zu San Li дава траен, подмладувачки и исцелувачки ефект, го одложува стареењето. Во Кина оваа точка е позната како „точка на долговечноста“, во Јапонија- „точка за стотици болести“.

КАДЕ СЕ НАОЃА МАГИЧНАТА ТОЧКА НА НАШЕТО ТЕЛО?

Точката на долговечноста се наоѓа под чашката на коленото. За да ја пронајдете, покријте го коленото со дланката од истата рака. Точката се наоѓа помеѓу завршетокот на малото прсте и домалиот прст, во вид на помало вдлабнување помеѓу коските.

Можете да ја пронајдете и на поинаков начин:

Мора да седнете на под, да ги притиснете цврсто стапалата на подот и да ги повлечете кон себе без да ги подигнете петите од подот. Ќе забележите дека под коленото се создало возвишение, ставете го тука прстот и завземете стартна позиција.

Точката што ја притиснавте со прстот е всушност точката Zu San Li.

ЗА ШТО Е ОДГОВОРНА ОВАА ТОЧКА И ЗОШТО ЈАПОНЦИТЕ ЈА НАРЕКУВААТ ТОЧКА ЗА СТОТИЦИ БОЛЕСТИ?

-ја контролира работата на органите кои се наоѓаат во долната половина од телото.

-ја контролира работата на ’рбетниот мозок во деловите кои се одговорни за правилно функционирање на гастроинтестиналниот тракт, дигестивниот тракт, половите органи, бубрезите, надбубрежните жлезди.

Со помош на масажата врз оваа точка може да се зголеми активноста на надбубрежните жлезди. Тие лачат адреналин, хидрокортизон и други важни хормони.

Ако секојдневно ја масирате „точката на долговечноста“, можно е да се нормализира работата на надбубрежните жлезди кои ги обавуваат следните функции во организмот:

-нормализација на крвниот притисок

-нормализација на глукозата, инсулинот

-сузбивање на воспалителните процеси во организмот

-регулација на имунитетот

Исто така, со масирање на точката Zu San Li, можете:

-да ја подобрите дигестијата

-да го подобрите и лекувате гастроинтестиналниот тракт

-да се третираат последиците од мозочен удар

Масажата на оваа точка ќе ви помогне да ја зголемите самодовербата, да го елиминирате стресот и напнатоста.

Масирајќи ја оваа точка, според источњаците, исто така можете да лекувате многу болести како што се: икање, опстипација, гастритис, инконтиненција.

КАКО ПРАВИЛНО СЕ МАСИРА ТОЧКАТА ЗА ДОЛГОВЕЧНОСТ?

Најдобро е да се масира оваа точка во утринските часови, пред ручек, 9 пати со кружни движења во правец на сказалките од часовникот, на секоја нога, наизменично (9 пати на едната, па 9 пати на другата). Така, 10 минути севкупно.

Пред почетокот на масажата завземете удобна положба во која можете да се опуштите. Смирете го дишењето и сконцентрирајте се на своите емоции. Обидете се да влезете во состојба на душевна хармонија која ќе ви помогне да го започнете процесот на исцелување. Ваквата масажа има стимулативно дејство.

Точката можете да ја масирате и со некое житно зрно (хељда, ориз, пченица…)

Секојдневната масажа на оваа точка во вечерните часови погодна е за губење на вишокот килограми, велат по 400-500 г неделно. Но не масирајте веднаш пред спиење за да не предизвикате несоница.

Точката Zu San Li можете да ја масирате секојдневно, но најдобар ефект се постигнува за време на Млада Месечина.

-8 дена после почетокот на Младата Месечина, масирајте ја оваа точка наутро, наизменично на секоја нога во насока на сказалките. Тоа е најдоброто време за масажа за јакнење на имунитетот, подобрување на работата на сите органи и успорување на стареењето.

Пред ручек, наименично на секоја нога, според сказалките на часовникот, за подобрување на општиот тонус, памтење, подобрување на кардиоваскуларниот систем и системот за варење.

После ручек, симултано на двете нозе – против стрес, нервоза и раздразливост, при главоболка и несоница.

Навечер, во спротивна насока од сказалките на часовникот, наизменично на секоја нога-за подобрување на метаболизмот и намалување на телесната тежина.

Loading...