Мултиплекс склерозата ми ги украде соништата, ми земаше дел по дел, вели Лидија Ристевска која неколку пати апелира до сите добри луѓе кои се во можност, парично да и помогнат за потребниот третман.

Таа боледува од прогресивна мултиплекс склероза и потребен и’ е третман со матични клетки. Претходно се собираа средства за лекување, но повторно се потребни.

„Оваа сторија не е измислена, ова е реален живот, а вие сте многу среќни, запомнете и бидете секој ден благодарни. Мултиплекс склероза се вика таа, со која морам да живеам. Ми ги украде сите соништа, постепено ми земаше сè, дел по дел.

Сè се случи пребрзо, иако години беа во прашање, а за мене само момент кога се најдов во кревет целосно неподвижна, без нозе, без раце, без воздух, со никаква сила, дури не можев ни да зборувам. Во тој момент имав две опции да изберам: да живеам и да се борам или да се откажам.

Со мене беше и сè уште е, по овој пат, сè додека не успееме, мојата ќерка. Тогаш штотуку го запозна животот, а моето дете мораше да се соочи со сурова реалност.

И така двете сами со сменети улоги, јас дете, а таа мајка, тргнавме да се спротивставиме на третата, што непоканета ни дојде да ни ги сруши животите, мултиплекс склерозата.

Со помош и поддршката од хумани луѓе во декември ја направив првата трансплантација со матични клетки, во септември оваа година треба и втора, а веднаш ги почувствував првите подобрувања. Но, не е толку лесно, ова е долг пат и тешка борба и сега сум на рехабилитација со роботика во Ниш во Србија.

Во потрага по животот, по здравјето, ние двете, ќерка ми и јас пропатувавме многу. Јас сега кон вас упатувам голема молба, да нè поддржите до крај, сè додека да стигнеме до целта. Оваа неколкумесечна рехабилитација нè дели малку од успехот,“ вели Ристовска во апелот до јавноста.

Донирајте на броевите:

ТЕЛЕКОМ 143 121
А1 143 474

И на сметките:

500600016598443
Стопанска банка АД Битола

IBAN Mk07500080003654013
SWIFT STBBMK22
Stopanska banka AD Bitola