На Зоран Зовко од Бријег пред седум години му дијагностицирале дијабетес и висок притисок, но со помош на сирово овошје и зеленчук (подолу има рецепт), успеал да ги надмине тегобите и да изгуби 20 вишок килограми за само три месеци.

Решението за својот проблем го пронашол во младата блитва, киви, банани јаболка. Во зависност од сезоната, блитвата за заменувал со кељ или спанаќ.

За “Дневни лист” Зоран раскажува како се излекувал користејќи исклучиво сопствена терапија, како одлучил да ја промени исхраната и да се храни само со сирово овошје и зеленчук.

-Дека имам висок шеќер дознав пред седум години и тоа сосем случајно. Имено, постојано чувствував жед. Кога отидов на лекар, следеше шок. Ми измерија висок шеќер од 29 – се присетува Зоран кој тогаш бил задржан на болничко лекување.

“Вашиот панкреас е мртов и повеќе нема да можете да живеете без инсулин” – му рекле тогаш докторите.

Зоран, како што вели, се помирил со таа дијагноза. Иако неволно, ја прифатил, редовно си давал инсулин и почнал по малку да се занимава со спорт. Меѓутоа, со текот на времето започнале да се појавуваат други здравствени проблеми.

Триглицеридите скокнале на 16, притисокот на 150/100, пиел многу лекови…

После повеќе од една година одлучил да го промени начинот на својот живот и текот на лекувањето, кога сосем случајно гледал на телевизија една емисија во која гостувал д-р Иван Зирдум, кој веќе 20 години живеел на сирова исхрана.

-Гледав и размислував: па зошто и јас не би пробал? Купив блендер и започнав еден нов живот – вели Зоран. На почетокот, додава, беше многу тешко да се откажам од вкусната храна.

Во текот на седум дена имал исто толку искушенија и сите успешно ги совладал. За многу кратко време се покажале и резултатите.

-Не можев да верувам. Одлучив себеси повеќе да не си давам инсулин, бидејќи ми беше логично дека при таква исхрана шеќерот не би требало да расте. Размислував, дека ако и започне да расте, тогаш ќе си дадам инсулин и одиме понатаму. Но, сè беше добро.

Набрзо почнав да ги губам килограмите. За 25 дена ослабев 11 килограми. Сега веќе сум свесен и зошто првенствено се разболев: И пркосев на природата и јадев мртва храна – вели Зоран кој после четири месеци од одлуката да премине на сурова храна, се претворил во друг човек. Освен што веќе не користи инсулин, притисокот му е 120 со 70, триглицеридите 1,4, изгубил повеќе од 20 килограми, живее без ниедна таблета и се чувствува фантастично.

-Основата на теоријата на сурова исхрана е да се внесува што повеќе “жив” сок од овошје и зеленчук, бидејќи овошјето дава енергија, а зеленчукот те храни.

Со оглед на тоа што зеленчукот има “лош” вкус кога ќе се сомеле и тешко е да се пие како сок, најдобро е да се измеша со овошје. Мојот омилен рецепт со кој успеав да изекувам е следниот:

1 китка млади листови блитва/кељ/спанаќ
5 киви
2 банани
2 јаболка
500 мл вода

Сите состојки ги блендирам во сок, па наутро пијам половина литар, а остатокот во текот на денот.

Покрај тоа, постојано јадам овошје, овошни салати, а поради витаминот Б12 кој многу му е потребен на организмот, ви исхраната воведов туна.

Суштината е дека не смеете да бидете гладни, бидејќи мозокот не знае дека желудникот е празен, туку тој добива информација преку крвта, а во крвта има сè што му треба.

Телото има енергија, не мора да ја троши својата енергија за обработка на храна и може да почне да се занимава повеќе со себе, односно да се ослободува од отпадоците – појаснува Зоран.