Овие ќофтенца се приготвуваат многу лесно и едноставно, а неверојатно се вкусни, па често ги подготвувам зошто сите во нив уживаме да се сладиме. Може да се јадат за појадок, вечера или како предјадење, прилог на главното јадење, навистина се одлична закуска. Толку многу се вкусни што веднаш мав им правиме, иако излегуваат навистина многу. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1,2 кг компири, 20 г путер, 2 јајца, 150 мл млеко, 200 г фета сирење, 250 г мортадела, млад кромид, 100 г пченкарен скроб/густин/нишесте, 1 лажица прашок за печиво (10 г), магдонос, 1 лажичка сол или по вкус




ПОСТАПКА: Компирот измијте го, излупете го, па ставете го во тенџере со посолена вода (1 полна лажичка сол) и гответе го 35 минути додека да омекне, на умерена температура. Кога е сварен извадете го/процедете го од водата и ставете го во некој подлабок сад.




Испасирајте го или изблендирајте ги за да добиете пире, па дадека е сè уште топло додајте 20 г путер и промешајте додека да се растои и впие во компирот. Додајте две јајца и промешајте енергично за да не ви сварат од топлината или пак, почекајте малку да подизлади пирето.




Додајте 150 мл млеко, па замесете со рака за да се изедначат и инкорпорираат сите состојки. Наведените состојки можете да ги додадете и сите одеднаш, но во тој случај пирето треба да биде млако.




Потоа додајте 200 г иситнето фета сирење или некое друго по ваш избор, па повторно промешајте. Во 100 г скроб/нишесте додајте 1 кесичка прашок за печиво, па сувата мешавина додајте ја во пирето.




Замесете додека да се изедначи смесата. Настрана ситно исечкајте 250 г мортадела/салама/шунка, еден или два страка млад кромид, како и половина или цела китка свеж магдонос. Состојките додајте ги во смесата и промешајте. Смесата е мека, па префрлете ја во кујнска кеса или шприц, а плехот обложете го со хартија за печење.




Од смесата можете да црпите и со лажица во вид на топки, но со кујнскиот шприц можете да правите декоративни форми. Од оваа смеса можете да наполнете неколку плеха со „компирови ќофтиња“, во зависност од тоа со кога големина ќе ги правите.




Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути. Можете да ги приготвите и на следниот начин: загрејте масло во тава со длабочина од 2 см, па црпете со намастена лажица од смесата и спуштајте во загреаното масло.

Пржете ги од двете страни по 2 минути додека да заруменат, па вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.