Нашите баби и дедовци го обожуваа ликерот од зелени оревчиња. Добро знаеле дека тој е еден од најделотворните лекови. Оревите лекуваат најразлични заболувања, а исклучително помагаат за проблеми со штитната желзда, грлото, респираторни патишта како и бронхитис и зајакнување на имунитетот.

Народната медицина препорачува ликер од орев за лекување на анемија, но и како прва помош при стомачни тегоби и забрзување на дигестијата и перисталтиката.

Сега е вистинско време за берење на млади, зелени оревчиња и за правење на ликер од ореви или како што е позната кај народот – „Ораховача“ или „Оревовача“.

Потребни состојки:

40 млади, зелени оревчиња
1 кг мед
1 литар ракија

Постапка:

Ставете ракавици па младите оревчиња исечете ги, ставете ги во поголема стаклена тегла и преку нив налејте 1 кг мед и 1 литар ракија. Затворете со капак и оставете ја теглата да отстои на сонце 40 денови.

Повремено промешајте ја содржината со пластична или дрвена лажица. Можете да ставите и неколку зрнца кафе (околу 5) и стапче ванила за арома.

Примена: секое утро на празен желудник испијте по една мала, ракиена чашка од овој ликер. Оревовачата е исклучително богата со јод, па затоа се користи за лекување при недостиг на овој минерал. Пред употреба протресете го шишето.

Како аперитив се послужува со мраз и парче лимон.

Коментар на Стојан Стојанов:

”Oвaa е стaрa рецептa aмa не е дoбрa. Истaтa грешкa јa прaвев и јaс се дoдекa не гo прoчитaв рецептoт oд Мaријa Требен кoјa препoрaчувa oревите дa се сoбирaт вo пoчетoкoт нa јуни кoгa oревите фoрмираaт јaтки и не вo тoлкaв брoј. Oстaнaтoтo истo. Нaјмнoгу 15 oреви се сечaт.

NMD.mk еве ви една оригинален рецепт.15-20 ореви набрани во Јуни, се сечат на четвртинки се стават во шише и се покриват со шеќер, а потоа се додаваат 2-3 каранфилчиња,1 кора од канела (цимет),1 ванилин шеќер, изрендана кора од 1 портокал. Се залева со ракија, не мора целото литро, на крајот може да се дополни, и стои 2 до 4 недели на сонце. Шеќер околу 400 грама.“