Ова е најдобриот природен третман и превенција на остеопороза!
Важен дел од третманот и спречувањето на остеопорозата е диетата богата со хранливи материи, бидејќи на организмот му се потребни многу минерали, особено калциум и магнезиум, за да ги заштитиме коските.
Алкалната исхрана е најдобриот вид исхрана за здравјето на коските. Оваа диета може да биде многу корисна, бидејќи помага да се балансира количината на минерали кои се клучни за развој на коските и одржување на мускулите, вклучувајќи магнезиум, фосфат и калциум.
Овие минерали помагаат во подобрување на производството на хормони за раст и апсорпција на витаминот Д кој е од особена важност за заштита на коските.
Нездравиот начин на живот, лошата исхрана и недостатокот на физичка активност предизвикуваат проблеми со густината на коските не само кај постарите лица, туку и кај младите.
Производи за превенција и третман на остеопороза:
Како што веќе споменавме, исхраната е клучна за да му се обезбеди на нашето тело одржување и подобрување на густината на коските.
1. Храна богата со калциум:
Калциумот е важна структурна компонента на скелетот, неговиот недостаток може да придонесе за фрактури на коските. Сите зелени зеленчуци (како што се блитва, спанаќ, кељ, брокула, зелка), како и сардини, бадеми и семе од сусам.
2. Храна богата со манган
Манганот е вклучен во формирањето на коскената маса и помага во природната рамнотежа на хормоните. Интегрални житарици како кафеав ориз, ‘рж, леќа, мешунки, овес и амарант, како и макадамија ореви и лешници.
3. Дива риба
Хроничното воспаление може да биде придружено со остеопороза. Омега-3 масни киселини, кои се присутни кај некои риби, помагаат во намалување на воспалението. Најдобри извори вклучуваат сардини, див лосос, скуша, аншоа (инчун) и палтус (халибут).
4. Зелен лиснат зеленчук
Овој вид на зеленчук содржи витамин К и калциум, кои се потребни за зајакнување на коските. Некои од главните извори се: спанаќ, зелка, сирење, прокељ, лисја од глуварче, како и босилек и други.
5. Алкална храна
Остеопорозата може да биде поврзана со кисела pH вредност, така што јадењето повеќе овошје и зеленчук може да помогне во создавање алкална околина што спречува губење на густината на коскеното ткиво.
Во алкална храна спаѓаат: зелен зеленчук, грејпфрут, свежи билки и зачини, авокадо, домати, луцерка, црна ротквица. Како и јачмен, краставица, пченица, зелка, брокула, целер, лубеница, цвекло и зрели банани.
Морски зеленчук: овој вид на зеленчук е богат со минерали кои се неопходни за формирање на коските, а исто така се богати со антиоксиданти кои придонесуваат за целокупното здравје. Вклучете алги, вакаме, нори, агар или комбу во вашата диета.
6. Квалитетни протеини
Запомнете дека кај постарите луѓе, исхраната сиромашна со протеини може да влијае врз здравјето на коските. Сепак, исхраната која е премногу богата со протеини, исто така не е најздравата опција, па затоа е важно да се постигне рамнотежа.
Обидете се да консумирате умерена количина на чист, високо-квалитетен протеин со секој оброк. На пример, бело месо, дива уловена риба, јајца и живина, ферментирано сирење и јогурт, ореви, семиња и мешунки.
-Кои производи треба да ги одбегнувате ако имате остеопороза
Следната храна може да доведе до губење на густината на коските или остеопороза: алкохол, газирани сокови, црвено месо и негови преработки, кофеин, цигари, шеќер и др.