Економична пченкарна пита без сирење, направена со јогурт и пченкарно брашно. Многу е убава, вкусна и болна. Се прави брзо и едноставно. Потребно е само да купите готови кори за пита и да приготвите смеса од неколку состојки кои веќе ги имате во кујна.

Потребни состојки: 1 пакување готови кори, 3 јајца, 1 шолја (од 200 мл) јогурт, 1 шолја пченкарно брашно, ½ шолја масло, 1 прашок за печиво, сол. За прскање на корите: газирана вода со малку масло. За премачкување: 2 јајца, 1 ½ лажица, пченкарно брашно, малку јогурт и сусам по желба за наросување одозгора.

Постапка: Во подлабок сад изматете три јајца со жица за матење, па додадете 200 мл јогурт, 100 мл масло, една шолја (од 200 мл) пченкарно брашно, 1 кесичка прашок за печиво )10 г) и една лажичка сол. Убаво промешајте да се изедначи смесата, да нема грутчиња.

Плех со средна величина или калап со тркалезен облик малку намастете го, па ставете една кора. Кората малку испрскајте ја со мешавина од газирана вода и масло. Ставете ја втората кора, па и неа испрскајте ја и одозгора ставете ја третата кора.

Испрскајте ја третата кора и оставете на страна. Тргнете две-три кори на страна кои ќе се искористат на крај. Потоа една по една корите гужвајте ги во смесата со јајце и јогурт, па редете во плехот. Гледајте убаво да се нафатат и натопат во смесата.

Кога ќе ги потрошите сите кори, преклопете ги со корите кои висат од страна и испрскајте ги со газирана вода. За прелив: Изматете две јајца, па додадете околу 20-30 мл јогурт и 1 ½ лажица пченкарно брашно. Промешајте за да се изедначи.

Одозгора ставете една кора (од оние што ги тргнавте на страна), убаво потпикнете ја под другите кори, испрскајте ја малку со мешавината од газирана вода и масло и премачкајте ја со половина од преливот.

Потоа ставете ја втората кора и повторете ја постапката. Одозгора наросете сусам по желба. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека да зарумени. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.