Болестите на срцето и кр-вните садови многу често се среќаваат во медицинската практика, а срцевиот у дар е еден од најчестите причини за с-мрт. За да се спречи заболувањето, најважна е превенцијата, а тоа е здравата исхрана и умерената физичка активност.

Исто така, потребно е да се одбегнува ст-ресот или барем да се совладаат техники за негово надминување. Лошите на-вики исто така, треба да се одбегнуваат, а доколку постојат и тие да се надминат со помош на психолог или друго стручно лице од таа област.

Сончогледовите семки се одлична намирница за заштита на срцето и кр-вните садови, бидејќи поседуваат способност за намалување на шеќерот, холестеролот и триглицеридите во кр-вта. Ова е многу важно, бидејќи во човековиот систем најважба е рамнотежата.

Доколку дојде до прекумерно натрупување на масните капки, се формираат плаки на ѕидовите од кр-вните садови, па со текот на времето доаѓа до нивно затнување, а подоцна може да предизвика срцев или мозочен у дар.

Сончогледовото семе е дар од сончогледовиот цвет кој во неговата средина произведува сивозелени или црни семиња во облик на солза кои честопати имаат црни или бели ленти. Овие семиња имаат голема содржина на масло, затоа и сочогледовите семиња се главни извори за производство на масло за готвење.

Нутритивни вредности во 35 г семе од сончоглед:

Енергија 204 калории, протеини 7.27 г, јагленихидрати 7 г, масти 18.01 г, влакна 3.01 г, витамин Е 12.31 мг, бакар 0.63 мг, витамин Б1 0.52 мг, манган 0.68 мг, селен 18.55 мкг, фосфор 231 мг, магнезиум 113.75 мг, витамин Б6 0.47 мг, фолна киселина 79.45 мкг, витамин Б3 2.92 мг.

Антивоспалителни и кадриоваскуларни бенефити

Сончогледовото семе содржи две хранливи материи кои го подобруваат кардиоваскуларниот ситем – витамин Е и фолна киселина. Една четвртина чаша на сончогледово семе содржи повеќе од 60% од дневната потреба на витамин Е.

Овој суштински витамин врши важна антиоскидантна функција и може да помогне во намалувањето на ризикот од рана с-мрт од кардиоваскуларни болести. Витамин Е помага при неутрализација на слободните радикалаи за да се заштити здравјето на мозокот и клеточните мембрани против отоци.

Покрај тоа, фолната киселина му помага на кардиоваскуларниот систем од раѓање до старост. Се метаболизира хомоцистеин, индикатор за кардиоваскуларни проблеми, во метионин, аминокиселина. Фолната киселина и есенцијалните масни киселини кои природно се наоѓаат во семето од сончоглед, видно му помагаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Фитостеролите помагаат при баланс на нивото на холестерол

Семките од сончоглед содржат високо ниво на фитостероли. Овие фитостероли имаат физички својства слични како холестеролот; повеќе од еднаш, истражувањата докажале дека е потребен за поддршка на здраво ниво на холестерол.

Голем извор на магнезиум

Недостаток на магнезиум може да доведе до голем број на здравствени проблеми кои влијаат на кардиоваскуларниот, нервниот и имуниот систем. Мускулите и скелетниот систем исто така имаат потреба од магнезиум за правилна функција. Четвртина чаша обезбедува повеќе од 25% од препорачаната потребна дневна доза на магнезиум, кој ќе даде заштита на вашиот мозок, срце, мускули и многу повеќе.

Помага за подобро расположение

Има дополнителен бенефит од магнезиумот во семките од сончоглед, кој помага за подобрување на расположението. Имено пред повеќе од 100 години магнезиум сулфат бил даван на пациенти кои стра-дале од деп-ресија. Неговиот успех, како и неговата безбедност, обезбедија да биде опција при таков третман. Денес магнезиумот игра суштинска улога во хомеопатската терапија за ментално здравје.

Содржи селен; моќен антиоксиданс и одлична заштита на здравјето на тироидната жлезда

Семките од сончоглед содржат селен, суштинска хранлива материја. Истражувањата откриле дека игра улога како антиоскиданс и помага во намалување на отоците во телото. Неодамна беше откриено дека има важна улога во метаболизмот на тироидните хормони. Селенот исто така е познат по својата способност да поттикне поправка на ош-тетени клетки.

Повеќе од доволно причини да го вкучитете сончогледовото семе во вашата секојдневна исхрана, дали во форма на ужина, сирови, печени со малку зачини, додаток на салати, јадења или во форма на намаз и путер тие ќе бидат ваш заштитник на здравјето и заштитник на стомакот.

Потребно е да се јадат до една супена лажица дневно и тоа самостојно, во салати или во други комбинации. Може да приготвите и домашен мајонез/намаз кој освен што е многу вкусен, исто така е здрав. Пробајте го, а вашите домашни ќе ви го бараат постојано да им го правите.

Потребни состојки: 200 г лупен сончоглед, 3/4 од шолја (200 мл) масло (кое било, маслиново, сончогледово, ленено – по вкус, но најнеутрален вкус има сончогледовото и нели, најпогодно е), 1/3 од шолја вода, сок од еден лимон, 3-4 чешниња лукче, 1 голема лажица сенф, 1 мала лажичка сол и зачини по желба кари, шафран, црн пипер…

Постапка: сончогледот се става во вода да покисне 5 часа. Се процедува од водата и се става во блендер. Се додаваат сите останати состојки и убаво се миксира додека да се добие хомогенасмеса. Од зачини можете да додадете кари и шафран од двете по една мала лажичка.

Вкусен, здрав намаз од семки од сончоглед (полн со витамини, минерали, ензими)

Вкусен намаз од семки од сончоглед, ви предлагаме да пробате уште еден здрав рецепт, брзо се подготвува и навистина е вистинско уживање!

Намаз од Сончоглед – Потребни состојки: 100 г сончоглед, лупен (киснат 5-6 часа во вода), сок од половина лимон, 3 лажици ладно цедено сончогледово масло, 1 лажичка куркума во прав, малку црн пипер во прав, 1 филџан кисело козјо млеко (уште подобро кефир), а може и вода, една китка магдонос, 3 чешниња лук, сол по вкус (хималајска или морска сол)

Постапка: сите состојки се ставаат во блендер, се блендира околу 20 секунди на умерена брзина, и уште 10 секунди на максимална брзина. Напомена: водата во која се киснеле семките не се употребува, се фрла.