Сите ние честопати ги користиме оревите во разни колачи и печива, но ретко кој од нас знае дека младите ореви имаат и лековити својства.

Малку се знае за лековитоста на листовите, младите плодови и незрелите плодови, а кои можат да помогнат против многу болести. Најефикасни се ако се берат на почетокот на мај.

Оревот има посебено признание поради својата широка примена. Освен во медицината, тој се користи за изработка на квалитетен мебел, за боење и сл. Меѓу луѓето е добро познат како лек за чистење на крвта, а добар е и за лекување на белодробни болести, ги јакне мускулите и го подобрува видот.

Оревот се користи против инфицирани рани, кожни болести и воспаление на очи во облик на балсам и како бања. Оревовото масло е добро за нега на косата и заштита од изгореници од сонце. Јатката содржи 65% масло, протеини, јаглехидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамин Б и Ц, железо.

ЧАЈ ОД ОРЕВОВИ ЛИСТОВИ

Чајот од млад лист од орев е особено ефикасен, а во комбинација со мед го јакне и чисти телото и го подобрува здравјето. Исто така, се користи како лек против проблеми со дигестијата, гихтот, крвавење на непцата, гнојни осипи, прекумерна телесна тежина и против вагинален исцедок.

Листовите содржат етерично масло со жолтеникава боја, танини и состојки со топол и горчлив вкус. Оревовиот лист се бере во јуни и јули, а пожелно е да се користи свеж и зелен.

СЕДУМ ОРЕВИ ДНЕВНО ЗНАЧИ СЕДУМ ДЕНОВИ ЖИВОТ ПОВЕќЕ!

Младите зелени ореви се богати со витамин Ц. Во комбинација со мед се одличен лек за болежливи и слаби луѓе. Зрелите плодови се полни со масла, се јадат свежи и одличен извор се на омега 3 масни киселини, со што помагаат во намалување на холестеролот од крвта.

ТИНКТУРА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА КОСАТА

Сомелете 100 г суви ореви, а потоа ставете ги во 1 литар 96% алкохол во стаклена тегла. Затворете ја теглата и оставете ја на топло место две седмици, со секојдневно протресување. Масирајте го темето со оваа течност, а потоа исушете ка косата. Третманот се повторува секоја вечер.

ПРОТИВ БОЛКИ

Измешајте еден литар девствено маслиново масло со 150 г ситно исечкан свеж и здрав оревов лист. Ставете ги во стаклена тегла и оставете ја теглата на топло место најмалку 30 дена.

По ова време, процедете го маслото и мачкајте ги болните места.