Рецептот за овие превкусни лиснати триаголници го објави нашата драга членка Цветанка Стојановска во нашата и ваша група НМД рецепти. Еве што таа вели:

“Денес ги правев лиснатите триаголничиња по рецептот на Светлана Карапетровска објавен пред неколку денови.

Морав да го пофалам рецептот бидејќи многу често ми се случува или мене да не ми успее или не се дадени точните соодноси па не е успешно направеното.

Коментарот на мојот син кога ги проба триаголниците беше: “уаууу супер се, многу се вкусни, дај уште, само волку испаднаа? Утре да направиш дупла доза”

Се прават брзо и лесно, секако препорачувам да го испробате рецептот. И благодарам на Светлана за споделениот рецепт

Фото и рецепт: Цветанка Стојановска
Според рецептот на Светлана Карапетровска

Потребни состојки:

800 г брашно
500 мл млеко
2 сув (инстант) квасец
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
100 мл масло
200 г путер
сусам

Постапка:

Се става млакото млеко, квасецот, солта, шеќерот, маслото и на крај брашното. Се замесува и се остава да стаса. Стасаното тесто се дели на 4 дела. Од секоја топка се сука правоаголна кора, се мачка со растопен па оладен путер и се витка во ролна.

Се става во плех обложен со хартија за печење и се остава во плехот да нарасне. Се сечат ролните на триаголници се мачкаат со путер и се наросуваат со сусам. Се пече на 180 степени околу 20 минути.

Добар апетит!

Фото и рецепт: Цветанка Стојановска