Човекот кој доживеа 114 години постојано и несебично ги делеше своите совети за начин на живеење, а особено на исхраната. Според него тајната на долговечноста се крие во овие 5 намирници. Освен на своето тело, Бернард работел и на тоа, до последниот ден и мозокот да му остане во форма.

Бидејќи, телото и мозокот мора да функционираат подеднакво добро, а едното без другото не може и не е цело. Неговите снимени рецепти и совети за здрав живот сè уште можат да се најдат на интернет. Светската здравствена организација соопшти дека просечниот животен век е 72 години.

Меѓутоа, тоа ни се чини некако малку, со оглед на тоа што повеќето луѓе сакаат да живеат колку што е можно подолго. Доколку сакате да ги поминете тие критични 70-ти, ви советуваме навремено да согледате што е она што позитивно, а што негативно влијае врз вашето здравје.

Можеби ќе ви помогне и тајната за долговечност на еден човек кој доживеал 114 години. Тоа е Бернардо Лапало, кој е роден 1901 година, а светот го напушти 2015 година. Тој сметал дека причината за неговата долговечност е токму здравата исхрана. “Луѓето ме прашуваат:

Што правиш за да изгледаш толку младолико? А јас им одговарам: Ја знаете онаа изрека – ти си она што го јадеш?!” – вели Бернардо. Неговото секојдневно мени се состоело од свежо органски произведено овошје и зеленчук. Меѓутоа, постојат 5 вида храна за кои тој верува дека се тајната на долговечноста.

КРАЛ НА ЗАЧИНИТЕ – ЦИМЕТ – Циметот не е само вкусен и мирисен зачин. Тој е познат и по своите лековити својства. Помага во борбата против кан-цер, болести на срцето, како и бактериски и габични инфекции. Циметот е толку силен што може да помогне и во борбата против ХИВ вирусот.

ДАР ОД БОГ- ЧОКОЛАДОТО – Консумирањето на чоколадо може да придонесе за подобра работа на срцето. Чоколадото го намалува холестеролот, а ни помага и да се ослободиме од стресот. Доколку сакате да се опуштите и да уживате, никогаш не се откажувајте од чоколадото. Меѓутоа, златно правило во животот е во ништо да не претерувате, па ни во консумирањето на чоколадото.

ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК – ЛУК – Лукот е познат како одличен борец против деменција, Алцхајмерова болест, срцев удар, прави детокс на телото, но исто така, спречува и разни видови на болести. Дури и светски признати лекари велат дека лукот е природен антибиотик и советуваат секојдневно да се користи во исхраната.

ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ – МЕД – Пчелите ни направиле лек кој успешно опстојува преку 5000 години. Медот е познат како антисептик и антиоксидант, па како лек се користи во антибактериски цели. Медот се користи и во козметички цели.

МАСЛО НА ЖИВОТОТ- МАСЛИНОВО МАСЛО – Експертите велат дека екстра девственото маслиново масло е одлично за здравјето. Богато е со здрави масти кои го хранат нашиот мозок и помагаат во сочувување на здравото срце. Маслиновото масло спречува дијабетес тип 2, но и рак.

ДРУГИ СОВЕТИ ОД БЕРНАРД ЛАПАЛО – Бернард тврдел дека никогаш во животот не бил болен. За да остане здрав се придржувал до советите на својот татко: “Ми рече да не јадам црвено месо. Никогаш не јадев брза храна, помфрит и такви работи.” Бернард пешачел секој ден, играл “дама” и решавал “пазли” и други логички и енигматски игри кои го вклучуваат размислувањето и го активираат мозокот.

Тоа му помогнало да го одржува мозокот во кондиција до последниот ден. “Памтам работи кои татко ми ми’ ги раскажуваше уште кога имав осум години”, раскажувал Бернард. Ако сакате да погледнете некои од неговите видеа со рецепти, истите можете да погледнете ОВДЕ, ОВДЕ и ОВДЕ.