Ајдучката трева е една од најлековитите билки кои расте на нашето поднебје. Постои бела и жолта ајдучка трева кои освен по бојата, се разликуваат и според формата на цветовите.

Читателите честопати прашуваат која од овие билки е полековита и која е најдобро да се користи за приготвување на вкусниот и лековит сирупот. На ова прашање одговара познатиот билкар од Велес, Мартин Најдовски.

БИЛКА НА ДЕНОТ: Жолта ајдучка трева (lat. Achillea filipendulina) – доколку имате прашања во врска со билката или рецептите за приготвување, можете да го прашате Мартин на неговата страница Лилма.

Жолтата ајдучка трева е повеќегодишно растение, кое достигнува висина од 30 – 50 см зависно од тоа каде расте. Има жолти цветови кои се крути на допир, цветовите се собрани на куп, а растението има силен мирис. Вкусот е горчлив.

Листовите на жолтата ајдучка трева се покрути од оние на белата, а листовите и стеблото се карактеризираат со сивозелена боја. Листовите се перјасти и според нив оваа билка уште се нарекува и столисник.

Во народната медицина од дамнешни времиња многу се користела жолтата ајдучка трева, но штета што не се спомнува во ниту една литература за нејзината лековитост, дејство и состав.

За лек се берат само цветовите. Малкумина знаат за нејзините лековити својства, па затоа повеќето ја берат за да прават украсни букети и да изработуваат најразлични украси од неа.

Лековитото дејство и спектарот за лечење се широки. Жолтата ајдучка трева изобилува со природни антибиотици наречени “фитонциди” кои делуваат антибактериски, воедно и тие фитонциди и ја даваат жолтата боја на ајдучката трева.

Се користи како најдобар лек против сите бактериски заболувања (ешерихија, хеликобактер итн..), различни видови инфекции (како уринарни инфекции, воспалено грло, ваги-нални инфекции, пецкање при мо-крење; респираторни инфекции и така натаму);

Потоа за подигање на имунитетот особено кај лица со р ак бидејќи делува на пониш-тување на клетките на ракот, одлична е за респираторни заболувања како пневмонија, бронхитис и слично.

Може да се употребува и за пониш-тување на паразитите, чистење на кр-вта и јакнење на организмот. Жолтата ајдучка трева е посилна од белата ајдучка трева, најпрво по вкус, бидејќи жолтата е погорчлива од белата.

Според лековитост и двете се лековити и двете можат да се мешаат заедно или да се користат посебно. Освен за лековити дејствија, од оваа билка може да се приготвува и сок, кој наликува исто на вкусот на швепс, поради неговиот горчлив и освежителен вкус.

Сокот приготвен од жолтата ајдучка трева е многу поблиску до вкусот на швепсот отколку оној кој е приготвен од белата ајдучка трева. Во продолжение прочитајте неколку рецепти:

Чај: 1 супена лажица суви цветови иситнети се попаруваат со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 20 мин, потоа се процедува и се пие по 2 шолји на ден, 30 мин пред јадење.

Природен швепс: 50 – 60 цветови жолта ајдучка трева (може да се измеша по 25 цветови од белата ајдучка и 25 од жолтата) се закиснуваат во 3 литри вода. Се додава 1 до 2 лимони исечени на коцки или кругови и се остава 24 часа поклопено.

После 24 часа се процедува содржината, се истискува низ газа и се додава 3 кг шеќер или 3 кг мед. Се промешува се и се остава да отстои уште 24 часа. По 24 часа се префрла во шишиња и се остава на ладно место или во фрижидер. Се раствора со вода по вкус – објаснува Мартин Најдовски.