Лековит сок од смрекинки кој помага во слабеење и за дијабетес

Домашен напиток од бобинки од смрека е проверен лек за шеќерна болест (дијабетес), а помага и во слабеење и регулирање на килограмите. Може да се консумира како сок или како чај.

Сокот од смрека се приготвува на едноставен начин и за тоа ви се потребни следните состојки:

500 г смрекинки

3 литри вода

1 лимон

Тегла од 3 литри.

Постапка:

Истресете ги бобинките во тегла и залијте со вода до врв. Потоа исцедете го лимонот и сокот додадете го во теглата. Сокот е подготвен кога бобинките од смрека ќе почнат да паѓаат на дното.

Сокот се пие 3 пати дневно по една шолја, околу 250 мл. наутро задолжително по една шолја на празен желудник, а остатокот во текот на денот.

Можете да го заблажите напитокот, но навистина нема потреба бидејќи е многу питок и вкусен.

За слабеење: се препорачува да се пие во неограничени количества, наместо вода.

Чај од смрека

Освен сок можете да направите и чај од смрека која ги јакне нервите и желудникот, ја чисти крвта, ги одведува отровните гасови, а преку урината се елиминираат и лошите сокови, предизвикува потење, го чисти црниот дроб, ги ситни и одвојува каменчињата и песокот во жолчка, бубрези, мочен меур.

Сепак, чајот не се препорачува на лица со заболени бубрези или бремени жени.

Рецепт:

2 супени лажици смрекинки

500 мл вода

Мед по желба

Постапка:

Бобинките од смрека издробете ги или изгмечете ги со лажица, па ставете ги во врела вода и варете 3-5 минути. Тргнете од оган и поклопено оставете околу половина час. Потоа процедете и пијте..

Претходна статијаСтаринска пита (зељаница) од пченкарно брашно
Следна статијаКачамак кој радикално ги чисти цревата – ја регулира столицата, одличен и за дијабетичари