Совет и рецепт за лековити мевлеми од д-р Стојковиќ за псоријаза и други кожни болести.

Доктор Љубинка Стојковиќ, специјалист по општа медицина и апитерапевт, советува кожата заболена од псоријаза да се третира со мевлем од невен, восок и прополис.

МЕВЛЕМ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ПСОРИЈАЗА

Псоријазата е сериозно и многу непријатно заболување поради лупењето на кожата. На заболените делови докторката препорачува да се ставаат топли восочни катаплазми.

Исто така може да се приготвува и крем од вазелин и восок или како подлога може да се додаде и домашна маст испрана во девет води, 40 цветови невен, топче пчелин восок со величина на зелен орев и ситно изрендано исто толку големо топче прополис, претходно замрзнато.

Полека се растопуваат 300 г маст во која се додаваат невенот, восокот и прополисот. Маста се остава на тивко да крчка 15-тина минути, па се трга од оган и се остава преку ноќ.

Наутро се загрева за да се растопи восокот, па се процедува низ газа. Ова е одличен мевлем за псоријаза, но и за сите други повреди, изгореници и промени на кожата. Значи за рецептот ви се потребни следните состојки:

300 г маст испрана во 9 води
40 цветови од невен
1 топче восок со величина на зелен орев
1 топче прополис со иста величина, претходно смрзнато за да може да се ренда

Покрај познатата традиционална примена во исхраната, свинската маст се користи и за лекување на поедини болести. Она што е потребно: чистење на свинската маст во 9 води. Што значи тоа?

Тоа значи дека свинската маст се испира во вода девет пати, т.е. процес кој треба да се повтори толку пати за да се добие идеална маст.

Тинктура од прополис

Тинктурата се прави од прополис и алкохол. За приготвување на тинктура се користи 96% а уште подобро 76% етил алкохол, на кој е означено дека може да се употребува како прехрамбен продукт. Купувајте исклучиво од аптека.

Во стаклена тегла ставете прополис, а потоа ставете алкохол во однос 1:2. Оваа течност чувајте ја 5-7 дена и протресувајте 3 пати дневно. По овој период процедете ја течноста.

Можете да консумирате 20-90 капки тинктура дневно, зависно од болеста, помеѓу оброци, со половина лажица мед, млака вода или чај.

За Псоријаза: Трипати дневно внатрешно консумирајте 15 капки прополис. Истовремено мачкајте го заболеното место со крем од прополис или маст.