Лековит ликер од рогач за желудник и дебело црево

Рогачот е многу лековит, отсекогаш се користел како лек за проблеми со дигестивниот систем, а ова е еден рецепт за ликер, кој освен што плени со аромата и вкусот, тој е и многу лековит.

Во продолжение ви нудиме два рецепти за приготвување на овој прекрасен ликер.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

1 литар лозова ракија
250 г шеќер
6-7 мешунки рогач
1 мешунка ванила
2 ванилин шеќер

Постапка:

Мешунките од рогач убаво се мие и се сече на парчиња со големина од 2-3 см.

Во шише со поголем отвор (или голема стаклена тегла) се става ракијата, се додава шеќерот, ванилин шеќерот, мешунката од ванила и сечканиот рогач.

Добро се затвора, се остава неколку денов на сонце или на топло, и секојдневно се протресува за да се растопи убаво шеќерот.

После неколку дена, ликерот ставете го на некоја полица и “заборавете” на него најмалку 40 денови. После овој период можете да го процедите.

Напомена: Колку подолго стои рогачот во ракијата, толку ликерот е подобар. Можете да го користите како арома за колачи или овошни салати, а кај нас дома најмногу се користи како лек за желудник.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

12 мешунки рогач
1 литар домашна ракија лозова
1 лимон
150 г шеќер
1 ванилин шеќер

Постапка:

Мешунките убаво измијте ги и засечете ги на неколку делови.

Во поголема стаклена тегла или шише со широк отвор ставете го исечениот рогач. Лимонот убаво измијте го и исечете го на тркалца или парчиња, па и него додадете го во рогачот.

Додадете шеќер и ванилин шеќер, па на крај прелијте со лозова ракија.

Обично приготвувам со 5 литри ракија, а заедно со лимонот додавам и портокал, а ако имам и некое стапче ванила. На 1 литар оди околу 100-200 г шеќер, во зависност од тоа колку сакате да ви биде благ ликерот.

Се остава да отстои околу 1,5 – 2 месеци, па се процедува и складира во стаклени шишиња.

Loading...