Лековит крем од камилица, одличен мевлем за усни и испукана кожа

Секоја година го правам, за мене и моите најблиски.

Потребни состојки:

100 г несолена свинска маст
1 лажица маслиново или бадемово масло
1 голема лажица сува камилица или две лажици свежа билка
4-5 капки етерично масло од камилица

Постапка:

Ако немате несолема маст тогаш исперете ја неколку пати во ладна вода.

На тивок оган растопете ја маста и додадете маслиново масло и камилицата, освен етеричното масло.

Само минута загрејте и оставете 24 часа да одмора.

Маста повторно загрејте ја да се растопи (не дозволувајте да проврие), процедете низ двоен слој газа.

Сега додадете го етеричното масло.
Излејте во стерилизирани кутивчиња.

Летно време чувајте во фрижидер, а зимо на собна температура.