Најубавиот освежувачки колач – сите ќе ви го бараат рецептот!

Колачот е многу освежителен, лесно се приготвува и кога еднаш ќе го направите и пробате, сигурно ќе си речете „Како не го знаев порано овој рецепт“.

Потребни состојки:

200 г презла
1 литар млеко
16 лажици шеќер
13 лажици гриз
70 г путер/маргарин
1 јајце

За фил:

Околу 1 кг сливи
3 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
2 лажици џем од сливи
*наместо сливи можете да употребите и друго овошје.

Постапка:

На малку масло пропржете ја презлата со 4 лажици шеќер, па оставете да излади.

На гризот додадете му малку млеко за да добиете кашеста смеса, исто како кога варите пудинг.

Остатокот од млекото ставете го на оган, па додадете го гризот со шеќер и малку млеко, па варете додека филот да добие густина, мешајќи цело време. Потоа додадете путер, па тргнете од оган.

На страна изматете едно јајце, додадете го во филот и продолжете да матите за да се изедначи.

Сливите исчистете ги и исечете ги на четвртинки. Додадете им 3 лажици шеќер, ванилин шеќер, па ставете на оган и кратко издинстајте ги. Додадете и џем од сливи, па тргнете од оган.

Плехот намастете го па ставете половина од презлата. Врз презлата излејте половина од кремот со гриз. Врз гризот ставете го филот со сливи.

Преку филот ставете ја втората половина од смесата со гриз и втората половина од презлата. Добро изладете и исечете на коцки.