Тоа е воспаление на плантарната фасција, која се протега долж стапалото.

Се одликува со остра и ужасна болка во петата или во долниот дел на ногата при стоење или одење.

Болката обично е интензивна во утринските часови и се намалува во текот на денот.

Оваа состојба може да го наруши вашиот секојдневен живот. Меѓутоа, постојат неколку природни начини со кои може да се минимизираат симптомите и непријатноста од болката:

1.Навечер завиткајте го стапалото со алуминиумска фолија па навлечете памучни чорапи. Правете го ова 4-6 седмици додека да се ослободите од проблемот.

2.Во еден сад измешајте една лажица мед со мала лажичка морска сол и малку чист јод (~50 мл). Измешајте добро додека се соединат состојките.

Мешавината нанесете ја на памучна ткаенина, па ставете ја на погодената област и фиксирајте со фолија. Облогата оставете ја да делува преку ноќ. Следното утро, малку разгазете заедно со облогата, околу 15 минути, па потоа отстранете ја.

3.Наполнете чорап или платно со сол, па загрејте во рерна. Ваквата топла облога (не претопла!) нанесувајте ја на стапалото во текот на 10 дена.

4.Земете лист од зелка и намачкајте го со една лажичка мед. Нанесете на стапалото, фиксирајте со чорап или фолија, па оставете преку ноќ. Исплакнете со топла вода следниот ден, кога ќе станете. Обично по третиот ден се намалува болката.

5.Изрендајте доволно морков, ставете го на парче целофан, па нанесете на стапалото. Фиксирајте ја облогата со завој и оставете да делува преку ноќ. Со неколку третмани болката ќе исчезне.

6.Издробете 4 таблети аспирин и 4 таблети аналгин, па измешајте ги со 100 мл јод. Оставете ја смесата еден ден, а потоа нанесете на стапалото.

Освен како облога, со оваа смеса треба и малку да чекорите, па дури и да удирате нежно по подот за зајакнување на протокот на крвта и подобрување на метаболизмот на калциумот.

7.Ставете неколку исечкани парчиња од црна ротквица во памучни чорапи, па ставете ги на стапалата. оставете во текот на ноќта, па наутро измијте ги со топла вода. Правете го ова три дена по ред, па ќе забележите значителни резултати.

8.Кога станува збор за неподнослива болка, облозите од компир може да бидат многу ефикасни. По миењето на компирите, излупете ги, исечкајте ги (или изрендајте ги), па нансете како облога со помош на целофан, или фолија. 

Бидете сигурни дека сокот од компирот нема да истекува. Повторувајте ја постапката 7-8 дена за целосно излекување.