Кога Дени Мекдоналд (74) од Ирска дознал дека има рак и дека веројатно му преостануваат само уште три месеци живот, одлучил да ги игнорира советите на докторите и рекол “не” за хемотерапијата.

И покрај лошите предвидувања, четири години подоцна Дени има одлично здравје благодарение на дневниот протокол кој го усвоил, а кој вклучува консумирање на сокови од пченична трева (млада пченица) – хранлива густа “суперхрана” со разни неверојатни бенефити.

Дени станал свесен за својата состојба кога еден ден улкусот одеднаш му експлодирал во неговиот стомак.

Откако бил пренесен во болница од фармата на која живееле, докторите се бореле да го стопираат крвавењето, за потоа да откријат дека Дени всушност има тежок облик на рак на желудник кој пуштил метастази.

Тие го предупредиле дека единствен начин од кој би можел да се ослободи од ракот, е да се подложи на хемотерапија и зрачење.

Дени после четири години се вратил во болницата и им открил на збунетите доктори како успеал сам да се излекува.

“Им реков на докторите дека не сум подготвен за терапијата која тие ми ја предлагаа. Знаев дека ќе умрам. Тие беа бесни што донесов таква одлука. Мојот личен доктор ме предупреди дека ќе бидам мртов за 3 месеци.”

Дени одлучил да консумира пченична трева, бидејќи прочитал и слушнал за бројните позитивни искуства за чудесните, лековити својства на зелената пченица.

Не знаев што можам да очекувам, но бев одлучен да одам до крај” – се потетува Дени.

“Во рок од седум дена чувството на пецкање кое го имав се смири и почнав да се чувствувам многу подобро.

Престанав да консумирам ги таблетите кои ми беа препишани и од тогаш се немам напиено ниту едно апче до ден денешен. Месец дена подоцна болката целосно се повлече и тогаш знаев дека има надеж за мене и дека сум на добар пат да се излекувам.

Пченичната трева делуваше. Ја направив вистинската одлука кога го одбив советот на докторите.”

За кратко време му се вратила нормалната телесна тежина. Почнувајќи со само 28 грама пченичен сок дневно, подоцна стигнал до 200 грама пченична трева на ден.

“Познавам многу доктори кои мислат дека пченичната трева нема квалитет и способност да го уништи ракот, но јас сум жив доказ дека тоа не е вистина и дека таа функционира.”

“И иако многу доктори тоа нема да го признаат јавно, луѓето веќе започнуваат да ги воочуваат предностите од пченичната трева. Луѓето ме прашуваат како успев да преживем, а јас можам да им кажам само еден збор – пченична трева.”

Зелената пченица е тревичката која се бере пред да се трансформира во стебленце со златни касови. Како млада билка, пченицата според состав повеќе наликува на зелениот лиснат зеленчук отколку на житариците.

Се бере кога е висока околу 15-20 см за да се искористат оптимално сите нутриенти кои од зрното преминале во листот.

Потоа се спроведува екстракција и брзо сушење за да се создаде прав без да се изгубат ензимите и хранливите состојки.

Добиениот зелен прав може да се растопи во вода или да се додава во разновидни здрави овошни или зеленчукови сокови.

Има разни поволни ефекти – од терапија за карцином и хроничен умор, до дијабетес, зголемен крвен притисок, синуситис и чиреви. Денес со сигурност се знае дека претставува силно детоксикациско средство и извор на антиоксиданти, па може да заштити од бројни болести на денешницата.

Особено се препорачува кај ослабен имунитет кај лица изложени на зголемен психички и физички напор, спортисти, после операции, за закрепнување од болести, на дијабетичари, како и при нередовна и еднолична исхрана.

Младата пченица одлично се вклопува во стратегијата на сочувување на здравјето на природен и еколошки одржив начин со цел – зголемување на животната енергија.