Белките од јајца се составени од околу 90% вода и 10% протеини. Значи ако ја отстраните жолчката и ја изберете само белката, во тој случај хранливата вредност на вашето јајце значително се менува.




Како што можете да забележите, белката од јајце содржи помалку калории и микронутриенти, како и помалку протеини и маснотии во однос на целото јајце. Белката од јајце се состои од околу 40 различни видови на протеини. Овалбумин е главниот протеин (54%) заедно со овотрансферин (12%) и овомукоид (11%).




Според некои истражувања, доколку јадете белка од јајце за вечера, тоа ќе ви помогне да имате подобар и доста поквалитетн сон од вообичаено. Науката е јасна кога станува збор за количината, и вели дека 3 белки од јајца дневно, се совршено безбедни за здрави луѓе.




Пиењето на сирова белка одамна е познат како стар, ефикасен лек за тегоби и болести кои се јавуваат на дигестивниот тракт, особено на желудникот. Иако пиењето на сирова белка/јајце не е 100% сигурно, сепак, ризикот дека ќе се заразите од некоја бактерија навистина е минимален.




Затоа се препорачува секогаш кога ќе користите сирово јајце за лечителни цели, тоа да биде свежо (се проверува со потопување во чаша ладна вода и треба да потоне на дното), во кутијата во која било складирано да немало друго пyкнато или cкpшено јајце и лушпата секогаш треба да биде совршено чиста.




Билкарот Мартин Најдовски кој својот интерес кон природната медицина и го должи на својата тетка, од неа наследил голема ризница од стари, ефикасни народни лекови кои се користеле во минатото, но и денес. Еден од тие рецепти е и лекувањето на чир на желудник со помош на сирова белка од јајце.




„Белките внесени во нашиот организам создаваат заштитен слој на слузокожата од желудникот кој овозможува тој самиот да започне да се регенерира и да се повлече настанатиот проблем/болест“, вели Мартин и продолжува:




„Го имам применувано и многупати објаснувано. Тој е еден стар народен лек кој за жал е подзаборавен и ретко се применува, но можам да кажам дека досега нема на кого не му помогнал од оние кои го применија…“, објасни билкарот и во продолжение го опиша рецептот и начинот на кој се користи:




РЕЦЕПТ: Се зема по ред 42 дена секое утро по една белка од јајце изматена. Се пие еден час пред појадокот. Јајцето треба да биде свежо и органско, а по можност јајцата да бидат снесени барем пред денот на конcyмирање (доколку познавате некој кој чува кокошки, би било идеално да се договорите да ве снабдува ден за ден).




На пример, ако белката ја пиете денес, најдете јајце кое било снесено вчера или уште подобро од истиот ден. Ефектот ќе го почувствувате само после неколку дена од отпочнувањето на третманот. Може да се користи и повеќе од 42 дена.




Ова особено важи за хроничен гастритис каде што е потребен подолг период. Некои луѓе и покрај тоа што веќе се излечени и немаат никаков проблем, продолжуваат да ја користат белката од јајце на овој начин, како превенција од настанување на повторен проблем“, објаснува билкарот Мартин Најдовски.

Даровите на големата Мајка Природа / Мартин Најдовски