На вкупна површина од околу 1000м2 во комплетно реновиран објект на два ката, лоциран на бул. Гоце Делчев бр.113 во Струмица, отпочна со работа најсовремениот дијагностички центар во овој регион.

Дијагностичкиот центар Жан Митрев нуди врвни услуги од современата медицина и резултати базирани на брза и прецизна дијагностика.

Центарот располага со 4 специјалистички амбуланти, дневна болница, дијагностичко – радиолошки оддел, единствен во регионот опремен со рентген уред со ниско зрачење, со мамомат со врвна 3Д технологија и ергономичен дизајн кој овозможува брзо, удобно и безболно скенирање.

Докажаните супериорни клинички перформанси овозможуваат исклучително прецизна дијагностика која е клучна за рано откривање на карцином на дојка. Најсовремениот 160 слоен компјутерски томограф обезбедува детални слики од различни регии на човековото тело со помош јонизирачко зрачење.

Врвниот квалитет на снимање е со најниска радијациска доза, додека пак екстремната ротациска брзина значително го скратува времето на снимањето.

Сликите се со висока резолуција и овозможуваат 3Д испитување на целото тело, особено погодно за спроведување на компјутерски водени биопсии, како и прецизно дијагностицирање на непожелни наслаги во кардиоваскуларниот, урогениталниот и мускулноскелетниот систем.

Достапен е и декса-скенер со кој се изведува мерење на густина на коскеното ткиво или т.н остеодензитометрија. Утврдувањето на коскената густина – колку се силни коските – е од исклучителна важност при одредувањето на здравјето на коските и ризикот од фрактура поради остеопороза.

На располагање се и биохемиска и генетска лабараторија опремени со најсовремена опрема со цел добивање на брзи, прецизни и комплетни резултати.

Во Жан Митрев Дијагностик Струмица се извршуваат сите видови на специјалистички и супспецијалистички прегледи од областа на кардиоваскуларна дијагностика, ортопедска дијагностика, урологија и други интернистички прегледи и интервенции.

Во склоп на овој дијагностички центар функционира и дневната болница која овозможува интердисциплинарен пристап кон пациентот со цел брзо дијагностицирање, следење и третман на акутни и хронични состојби без задржување во текот на ноќта.

На овој начин се постигнува многу повисоко ниво на квалитет на живот на пациентот за време на боледување, а во исто време се скратува времето на чекање за хоспитализација или дијагностички тестови.

За достапност за брзи интервенции на располагање е амбулантно возило за брз медицински транспорт. Пред самиот објект е лоциран засебен пункт за земање примероци за КОВИД-19.

Со отворањето на овој центар се подига нивото на медицински услуги кои се нудат во овој регион и истовремено им се овозможува на луѓето на локално ниво, без да патуваат во Скопје, да добијат врвни здравствени услуги.

,„Јас и понатаму работам на остварување на визијата за практицирање врвна медицина во Македонија. Секако за да се постигне тоа потребно е да се направи вистинската комбинација на тим од искусни лекари и најсовремена технологија.

Ние тоа го имаме во Жан Митрев Дијагностик во Струмица. Во чекор сме со се она што ќе им помогне на пациентите да се чувствуваат подобро, посигурно и посреќно.

Со нашата регионална присутност гарантираме дека квалитетот на услугите ќе биде на идентично ниво како и во нашата клиничка болница, а поблиску до луѓето од овој дел од земјата„ – изјави Академик д-р Жан Митрев