Пишува Мартин Најдовски – Лек за бели дробови.

Доколку имате било какво прашање околу приготвувањето на овој или некој друг народен лек од билки, можете да го прашате Мартин Најдовски на неговата фан страница Лилма.

“Сирупот од тиква е за деца и возрасни, за бронхитис, јака кашлица и други респираторни болести”, вели М.Најдовски.
Овој сируп е конкретно за деца, но може да го користат и возрасни… Поволен е за сите возрасти.

РЕЦЕПТ

Се зема една тиква сточна (оние тикви со кои се рани стоката, имаат боја зелено портокалова или се сосем портокалови). Тиквата се засекува горе, се вади капакот.

Семињата и конците односно внатрешнината се гребе со една лажица, се вади се да остане празна. Потоа во тиквата се додава 1 кг мед и 1 литар лимонов сок (1кг сок од лимони се добива така што се цедат 2 кг лимони).

Се промешува добро и се враќа поклопката. Тиквата се остава во едно тавче да стои покриена 48 часа. Привремено тиквата се протресува.

После 48 часа течноста се претура во тегли и притоа се собира и од внатрешноста на тиквата оној мек дел, лимонот ќе ја омекне малку и тој мекиот дел се собира со лажица. Мекиот дел може да се испасира и да се додаде во сирупот но и не мора. Се чува сирупот на темно и ладно место, најдобро во фрижидер.

Дозирање:

За деца 3 до 4 пати по 1 кафено лажиче во текот на денот.
За возрасни 3 пати по 1 супена лажица во текот на денот.