Докторите и натаму го препорачуваат како лек – Еве за што е добро препеченото млеко

Иако медицината има многу напреднато, сепак овој вкусен напиток и натаму важи за неприкосновен домашен лек.

Особено во сезона на грип и настинки повеќето луѓе се соочуваат со проблеми од надразнето грло.

Ако сакате да го забрзате лекувањето и да спречите развој на болеста, побарајте спас во овој стар лек на нашите баби со кој порано ни ги лекувале кашлицата и болката во грло, а кој и нашите лекари до ден денешен го препорачуваат како прав мевлем за грлото и белите дробови. Станува збор за препечено млеко.

Loading...

Овој напиток уште е познат и како шербет и карамел млеко, но како и да се нарекуваат луѓето, сите имаат ист заклучок, а тоа е дека ефикасно ја ублажува кашлицата, го забрзува созревањето и искашлувањето на секретот од грлото, ја ублажува болката во градите и белите дробови при силна кашлица и делува смирувачки врз целиот организам.

Еве зошто треба да се пие препечено млеко:

-СИНУСИ И ТЕЧЕЊЕ ОД НОСОТ

Додека шеќерот се растопува, тој ослободува слаб дим со остар мирис. Ако имате воспалени синуси, затнат нос или носот ви тече, благо “инхалирајте” се врз овој мирис. Водете сметка да не претерувате – вдишете само неколкупати од овој дим низ носот, бидејќи ако претерате може да дојде до главоболка.

-КАШЛИЦА

Ако ве фатила сува кашлица и гребење во грлото, најдобро е веднаш да го приготвите препеченото млеко. Тоа ќе ја смири болката и гребењето во грлото, а исто така ќе го забрза процесот на созревање на кашлицата, а со самото тоа и траењето на настинката.

-БОЛКА ВО ГРАДИТЕ

како што созрева кашлицата, така добиваме сè посилни напади на кашлица, кои може да предизвикаат и силна болка во белите дробови и градите, особено кај пушачите. Во овој случај, лекарите сè уште го препорачуваат препеченото млеко како прав мевлем за белите дробови.

-ПОДОБРО СПИЕЊЕ

Си мислите дека на децата им се дава топло млеко пред спиење “онака”? Се лажете! Топлото млеко пред спиење го опушта целиот организам, па побрзо ќе заспиете, а сонот ќе ви биде поубав и поквалитетен.

РЕЦЕПТ ЗА ПРЕПЕЧЕНО МЛЕКО

2-3 лажички шеќер ставете во ѓезве и загрејте го на рингла. Шеќерот брзо се растопува, па затоа е подобро да не се одалечувате од шпоретот, бидејќи многу лесно може да ви загори.

Штом шеќерот стане течен и со златна боја, веднаш додадете го млекото (200-300 мл), а потоа оставете да зоврие. Промешајте за подобро и побрзо да се растопи карамелот кој во прв момент ќе се стврдне. Оставете малку да подизлади, па испијте го додека е уште врело (подносливо топло).

Напомена: Доколку шеќерот случајно ви загори – фрлете го и пригответе нова доза. Во случај да имате висока температура, не би требало да консумирате млечни производи.

Препеченото млеко може да го пиете и кога не ве боли ништо, односно, кога сте здрави, особено пред спиење. Наместо шеќер може да растопите и неколку ментол бонбони, се добива одличен вкус а има уште посилен ефект отколку шеќерот.

Loading...